Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Гордана Јанкулоска. Кирил Божиновски
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: Листа на луѓе што живеат надвор од Струга
Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Кирил Божиновски?

ГЈ: Да.

КБ: Што праиш?

ГЈ: Еве ќе одам накај Куманово. Ти што праиш?

КБ: Е добро. Ја во Струга завршив. Види, они овде имале, имаат листа на луѓе 
што живеат надвор од Струга, низ Македонија. Дел се лоцирани, околу 300-400 не 
им се лоцирани, зошто они на Избирачкиот список стојат као тој Петко Петковски 
од село тоа и тоа, знаеш... Може ли да им се помогне

ГЈ: Адресата име е во некое село?

КБ: На пример село или населба во Струга, не е важно. Ама толку имаат од него. 
И сега не може да го лоцираат кај живее во Скопје, во Штип, во ова, во 
она...знаеш...а значајна бројка е...

ГЈ: А лична карта сменил во Скопје?

КБ: Не, не, не, го има таму на Избирачки список.

ГЈ: Ааа, аха.

КБ: Да. Може ли некако, некој оперативец од кај вас да помогне да ги лоцираме 
луѓево. Знаеш да се контактира, да им се понуди превоз.

ГЈ: Да видиме по комшии нивни во Струга што се, они најдобро знаат. Оние ние 
може да најдеме само адреса кај им е. На пример, Кире ми е комшија у маало, 
знам дали отишол у Скопје, или у Кочани. Сфаќаш?

КБ: Да, да.А може преку база да се, го најдат. Не знам Петко Петковски.

ГЈ: Па у база ќе ни го даде кај што има извадено лична карта или пасош. Да 
речеме Кире, без разлика дали живее у Скопје, ако има пасош у Струга, нас ни 
го дава у Струга. Сфаќаш?

КБ: Аха, аха, аха.

ГЈ: А тебе ти треба ако фактички он е надвор од Струга...

КБ: Не, он не извадил. Ако извадил лична карта на друго место, не ни врши 
работа.

ГЈ: да де, тоа ти викам. Најдобро е според мене, од некој што го знае, знаеш. 
Ја, ако си ми другар знам дали си у Скопје или у Велес.

КБ: Да.

ГЈ: За да му се пристапи. Па после у Скопје, ако ми каже некој Кире е преселен 
во иста зграда кај Миле ќе му го пуштам Миле да збори, некој што го знае.

КБ: Знам, ама не можат да најдат такви. Они, не знам од 700 нашле, 300 има, не 
можат да ги лоцираат каде се.

ГЈ: Нешто роднини, тие нивни немаат нешто така...

КБ:Тоа се грото така од села, заминати, ваму-таму, нема никој.

ГЈ: Оти ние можеме...или па да видиме со телекомуникацискиве компании ако 
имаат телефон мобилен на нивно име нешто така...

КБ: Да, да, да

ГЈ: Па по телефони, да видиме каде живеат, склучиле договор...

КБ: Е тоа е.

ГЈ: Оти кај нас, мислам ние ќе ги најдеме ама ќе ни ја даде официјално таа 
адреса што ја пријавил, и после не знаеме...

КБ: Што ја има на Избирачки список

ГЈ: Да де да, ама тоа тебе не ти врши работа. Едино преку телекомуникацискиве 
компании, на приме ако си купил телефон во Скопје, барем знаеме дека си во 
Скопје, знаеш.

КБ: Со кој да зборам за тоа?

ГЈ: Па не знам некој таму, овој Мирослав, што е у Телеком у информатика што е 
сектор, Миро Јовановиќ. Оти Миро треба да ги извади...

КБ:Или Жаре?

ГЈ: Па Жаре пак треба да, на пониско ниво да делегира, Жаре сигурно нема сам 
да ги бара, али може Жаре па да даде задача.

КБ: Добро, добро, да, добра идеја.

ГЈ: Па после, нешто ако ни треба пак ќе видиме со нашава база да вкрстиме..

КБ: Океј, океј, важи.

ГЈ: Оти друго е на пример да речеме на УБК да им дадеме име, тој и тој ви е у 
Кочани, така ќе го најдат.

КБ: Така, да, да.

ГЈ: Ама сега тој и тој барајте го во Македонија, малку по...може и ќе го 
најдат, ама поише време ќе им треба.

КБ; У право си.

ГЈ: А ние немаме многу време.

КБ: Важи, ќе гледаме.

ГЈ: Добро бе Кире, ајде чао.


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org