Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Ванчо Костадинов. Влатко Чинговски
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: Треба прво да се одберет луѓето па после се отвара конкурс
Разговор помеѓу Ванчо Костадинов и Влатко Чинговски

ВК: Влатко абе знаеш зашто ти се јавив…
ВЧ: Кажи…
ВК: Сакав да те замолам за нешто. Абе има… има еден дечко постојано конкурира, 
сеа тој од Штип е, мислам како да ти кажам, наш чоек е на 5 илјади населба 
младите сите ги води ме разбираш?
ВЧ :Добро?
ВК: Способен дечко е, на електро факултет електроенергетичар. Има ли некои 
шанси? Он има поддршка и од кадрова, заведен е таму Стојче го предлага, ме 
разбираш и така натаму…
ВЧ: Сега имавме ние… ние имавме конкурс за волонтери, се пријавил ли тој нешто 
во волонтерите? Не беше пријавен…
ВК: Па не знам имало некој оглас за вработување кај тебе сеа… или за волонтери…
ВЧ: Има има ама тој је за шо беа привремено за трајна трансформација, 13 луѓе
ВК: Ааа за тоа е.
ВЧ: Така тоа е, затворени се имињата таму
ВК: Аха аха, па добро ја дека не знаев и затоа ти се јавив…
ВЧ: Види вообичаено е, ти знаеш, треба прво да се одберет луѓето па после се 
отвара конкурс
ВК: Да бе да, јасно јасно…Значи ја затоа прашав, тоа е заведен кај Стојче, 
значи е заведен кај
Стојче….да
ВЧ: Имаме ние сега 150 волонтери примавме…
ВК: Аха, аха…
ВЧ: Низ цела Македонија, арно ама и тоа е завршено, не знам дали се пријавил 
не се пријавил ама ако се пријавил требеше од кај Стојче да добиеме позитивно 
ама не знам како се вика, не знам дали е пријавен, штом пријавуваш не е 
пријавен…
ВК: Да, не знам за волонтер дали е пријавен, дека он е од Штип ако би дошол би 
требало знаеш многу трошок ќе му биде, тоа ти е за у Скопје волонтерството 
така?
ВЧ: Да, да за во Скопје е, генерално е за во Скопје
ВК: Аха, епа добро, ја…
ВЧ: Мада и за другиве подружници ама сите му се нему далеку, ние немаме ништо 
во Штип
ВК: Даа, он за во Скопје сакал да конкурира на некој од тие местата ама штом 
се затворени, ништо што да праиме, сеа тоа е…
ВЧ: За оваа тура ништо, нека прати нешто и да видиме коа ќе се отвори некоја 
можност зошто да не, добри инженери секојпат ни требаат
ВК: Да, добар е и посветен мислам вака со работа, ако викам ја дека е добар 
сигурно дека е добар…ме разбираш ВЧ: Да да апсолутно…
ВК: Значи ааа има и партиски луѓе шо сакаат само да забушават, колку само да 
клатат врата и да земаат плата, реално…
ВЧ: Да да
ВК:…ама овој дечко е….вака аа вредно чоече…
ВЧ: Види не е лошо тогаш да ми пуштиш ти по мејл негово си ви па да го иаме во 
предвид ко ќе имаме нешто да го контактираме пред да одиме со отварање на 
конкурс.
ВК: Види ако би можел такво нешто да напраиш добро би било ама прво и ти би 
требало да го видиш, ме разбираш?
ВЧ: Да
ВК: … другата работа е… секако е мислам со поткрепа ама добро е и ти да го 
видиш за да си видиш мислам вака…јас кога примам така обично и од партијата 
барам за едно место 5 лица, 6, 7 да ми дадат…
ВЧ: Да, да, да, сигурно…за после да знаеш што си одбрал.


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org