Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Гордана Јанкулоска. Митко Чавков
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: Околу Законот за следење на комуникации
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Митко Чавков

МЧ: Ало?
ГЈ: Ало, Мите добро вечер, како си?
МЧ: Добро вечер министерке. Добар сум, подобар.
ГЈ: Добро, не е многу доцна.
МЧ: Ако, ако не е проблем.
ГЈ: Не спиеш волку рано.
МЧ: Не е проблем.
ГЈ: А бе слушај, викам ај да се преслушам уште еднаш. Сега со директорот Сашо зборевме, ама друго 
е повеќе луѓе кога ќе чујам, покомотен е човек.
МЧ: Така.
ГЈ: Околу Законот за следење на комуникации. Нели сега се договараме со комуњариве, преговараме, 
разговараме, некако да направиме да пројде, на не ни се закочи целава работа…
МЧ: Добро.
ГЈ: Околу надзорот, комисијата…
МЧ: Така.
ГЈ: Сега они прифатија целиот отој став кај што викаат без најава и во полн состав се брише, да го 
избришеме.
МЧ: Добро.
ГЈ: И практично тоа значи дека Комисијата ќе донесе одлука со мнозинство гласови…
МЧ: Исто е…
ГЈ: И ќе не извести и кога ќе речеме, ќе дојде.
МЧ: Така.
ГЈ: Како сега што е де факто.
МЧ: Значи они се за да се избрише тој став.
ГЈ: Е па не, сега тоа е компромисот.
МЧ: Аха. Добро.
ГЈ: Они се за да се избрише „полн состав“…
МЧ: Полн состав…
ГЈ: Ние сме да се избрише „без најава“…
МЧ: Добро.
ГЈ: И сега за да мрднеме, а тој став е со овие два сегменти
МЧ: Аха.
ГЈ: Заа да мрднеме некако, викам ај нека се избрише целиот став од членот.
МЧ: Да. Па мислам дека е добро.
ГЈ: Па и ја мислам дека е добро. Му се јавив на директорот.
МЧ: Да.
ГЈ: Он вика: А бе ако мислиш ти дека е добро, океј. Пошто излезен беше човекот, сегаа го нема 
Законот пред него…
МЧ: Така, така. Јас го знам тоа.
ГЈ: И вика: ако мислиш ти дека е океј, океј. А ја, вака мислам дека е во ред. Ама викам чекај да 
чујам уште некој, знаеш.
МЧ: Мислам дека е океј, и јас.
ГЈ: И ја мислам. Оти тој член, 36-а фактички што го додадовме е тоа…
МЧ: Така…
ГЈ: Дека е во полн состав и без најава, а се носи…а они додаваат дека се носи одлуката со 
мнозинство гласови.
МЧ: Да.
ГЈ: Инаку они сега имаат право во претходниот член сто идека имаат право да контролираат, имаат 
пристап до…
МЧ: Така, така, така…
ГЈ:…опремата и средствата за следење на комуникациите.
МЧ: Така, Комисијата ја водат они.
ГЈ: Да де, ама тоа е тоа. Но ова значи дека они ќе донесат одлука и ќе го известат или министерот 
или директорот, сега, кого и да го известат. Па ние им кажуваме дојдете тој и тој ден, тогаш.
МЧ: Така.
ГЈ: И нормално, они се мнозинство, ќе дојдат, ќе речат:Ааа, се прислушкува цела држава. Ние ќе 
речеме не се прислушкува. И толку.
МЧ: Така. Мислам дека може.
ГЈ: И толку ќе биде.
МЧ: Мислам дека, да, да, може.
ГЈ: Оти тоа би бил компромисот.
МЧ: Да, да, да.
ГЈ: И тоа со 28…48 што ми рековте дека може да им го прифатам, ќе им го прифатам и друго…
МЧ: Тоа комоцијата си ја нарушуваме ние, но може тоа да го наравиме.
ГЈ: Абе сега, види, точно, ама мораш некако, ако не ни пројде, ќе ни колабира системов.


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org