Транскрипти од прислушувани разговори


Избери говорник Миле Јанакиески. Никола Груевски
Александар Лефкоски
Александар Николоски
Александар Панов
Александра Зафировска
Али Ахмети
Антонио Милошоски
Артан Груби
Бедредин Ибраими
Беќир Асани
Билјана Бришковска Бошковска
Блерим Беџети
Ванчо Костадинов
Васил Пишев
Виктор Цветковски
Виолета Андонова
Владимир Талески
Влатко Илиевски
Влатко Мијалков
Влатко Чингоски
Горан Иванов
Горан Савовски
Горан Трајковски
Гордана Јанкулоска
Дарко Димитриески
Драган Павловиќ Латас
Душко Миновски
Елизабета Канчевска Милевска
Емил Стојменов
Жарко Луковски
Живко Пејковски
Зоран Коњановски
Зоран Ставрески
Зоранчо Алексов
Зоран Јолевски
Иво Котевски
Ивона Талевска
Илија Димовски
Ирена Мишева
Јово Вангеловски
Кире Шошев
Кирил Божиновски
Ленче Самарџиевска
Љупчо Димовски
Љупчо Шврговски
Љупчо Тодоровски
Марјан Ристески
Марјан Наковски
Мартин Протуѓер
Мендух Тачи
Миле Јанакиески
Михајло Маневски
Муса Џафери
Надица Танчева Гулиева
Никола Груевски
Никола Мицевски
Никола Тодоров
Онер Јакупоски
Панче Кралев
Саша Митрев
Сашо Аќимовски
Сашо Мијалков
Светлана Костовска
Силвана Бонева
Силјан Мицевски
Славе Гошев
Слободан Николовски
Софија Лаличиќ
Спиро Ристовски
Стевчо Јакимовски
Томе Аџиев
Трајко Вељаноски
Фатмир Бесими
Филимена Маневска
Цветко Грозданов
Предмет: Јанакиески има крут однос со можните инвеститори и не е „дил ориентид“ како Владо Пешевски
Разговор помеѓу Миле Јанакиески и Никола Груевски

НГ: Миле, ама сфати ја улогата твоја. Ти не си информатор и не си правен советник. Ти си министер, 
кој што сака да се постигне deal, не deal со Буик, deal со некој. Буик е крупна компанија. Ама ако 
со Буик ти не можеш да ги убедиш, прашање е дали други ќе можеш. Јер Буик ако викаат ова не е 
исплатливо, голема е веројатноста и другите да го кажат истото. Така?
МЈ: Ама не, Буик бараат сега околу гаранцијата. Други барања немаше. Јас тогаш кога беше 
состанокот, тој беше… НГ: Ама они не…
НГ: Ама они не… Добро нејкеш да прифатиш дека и ти имаш своја вина, не е битно, односно не е вина, 
слабост е тоа, ќе се корегира тоа, не е некорегирачка слабост.
МЈ: Нее, ја не викам дека сум безгрешен, мислам према Буик сум имал коректен однос… кај шо некој 
на пример…
НГ: Ама не бе Буик, ја не сум ти кажал за сите, еден куп има што кажуваат, дека кај Владо се многу 
задоволни, кај тебе се незадоволни… а не е дека ти помалку работиш од Владо, односот е у 
прашање…односот и тоа дил ориентид…. значи Владо гледа да исцеди до последна дамка се што може да 
се најде за дил да се направи…
МЈ: Не заборавајте многу е битен потписот…Поинаку се понашаат луѓе без потпис и со потпис
НГ: Така е битен е потписот затоа он полесно му е него, точно…е така
МЈ: Многу му е полесно…
НГ: Тоа е така ама ти не треба да се фрустрираш да се нервираш туку а бараш мислење и од други, 
многу често и други може да, мислам други правници, експерти да дадат поинакво мислење коешто 
можеби на прв поглед не им паднало на твоите или на тебе… и на крај краишта и да не биде, да не 
биде тоа откачување брзо, да не биде тоа откачување како да е тој ситен играч небитен, пошто он 
после шири негативна енергија, таквите, крупните сегде ги примаат премиери, знаеш уважени гости се…
МЈ: Имааат посебен третман…
НГ” И си чекаат очекуваат дека ќе ги тинтраш поише…ај ние што сме таква Влада што не ги носи по 
ручеци по вечери уше у канцеларија да им каеш на 5 минути вака е по закон така е по закон он 
милијардер слуги има дома, авион има сопствен, пилоти го возат, јахти има еден куп, по 10 женски 
на јахта ќе донесе и сеа ќе дое кај тебе ти за 5 минути ќе му каеш што е по закон хахаха.. ме 
разбираш ли сеа што сакам да ти кажам?
МЈ: Не, океј ама ептен цело време идат на ептен техничко ниво и со нив зборуваме…
НГ: Да ама техничкото се пренесува таму на нетехничкото…
МЈ: Таму има проблем што некој со…
НГ: Таму доаѓа тој одговорниот за регионот, така ми кажаа…
МЈ: Е па излеа тој младиот е претпоставувам што има…Владо цело време… Владо ги глеа нив
НГ: За нас битно ли е техничко или нетехничко ако ни се заврши работата?
МЈ: Не Владо, им… дека некој им ветува нив дека се што ќе побараат се ќе му се даде, значи надвор 
од закон и …
НГ: Види Владо си има некоја стратегија, сеа ај за турчинот да зееме, за висококатнициве…
МЈ: Добро…
НГ: Пред 1 недела викаше не бива работава, сеа излезе дека има шанси ќе дојдат утре да му кажете 
дека има можност. Нели е така? Значи коа подобро ќе се размисли, ќе се видат… па може и да испадне 
дека нешто може…
МЈ: Добро, Коце и Ивица попуштија. Коце беше хард кор таму. За некои работи треба време да одлегне 
и не викам дека Владо не е поискусен од мене, искусен е…
НГ: За таа работа посикусен е, пошто тоа го работел, работел со бизнисмени нон стоп и така натаму 
и тоа не бил он од позиција на сила туку он ги тинтрал се наикнал да ги тинтра бизнисмените, ти не 
си се навикнал да ги тинтраш, ти си се навикнал тебе да те тинтрат пошто тебе ти доаѓаат овие 
Кочан мочан такви еден куп као посредна класа, пониска класа бизнисмени и они ти стојат мирно и 
сеа одеднаш ти треба на овие мирно да им седиш и сеа ја тоа го разбирам ама мора да се корегираме 
тука…
МЈ: Добро
НГ: Пошто некако као Влада не ни иде работава со крупниве фирми. Со ЕВН си ебавме мајката знаеш 
тоа, тука не си ти крив сеа зборам као Влада, со аеродромов за влакно, за влакно ја вадиме 
работава, Со Сончев град да не зброам, висококатниците и не знам сеа уште кои беа не ми текнуваа. 
Не ни трга, еден голем проект не ни трга. Ја почнав да се прашувам, у енергетика еден не ни трга 
голем проект… еден, еден! Една Хидроцентрала не сме изградиле, не сме почнале, абер нема! Нешто 
има и до нас, не се криви другите! Мора нешто и на нас да ни фали, мене, тебе, Чинго, Зоки, нешто 
ни фали на нас. Реба да се преиспитаме што ни фали. Ајде така…
МЈ: Океј…


Copyright ©. George Goce Mitrevski. mitrevski@pelister.org