Browse Items (126 total)

  • Collection: Археолошка Карта на Преспа

Арапски Гробишта. Населба со топилница од доцноантичкото време. Во подножјето на Пелистер, на 2 km североисточно од селото, на простор од неколку декари се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, градежен материјал и згура од топена железна…

Горици. Населба од римското време. Северно од селото, на две височинки што доминираат над околниот терен се среќаваат остатоци од населба, поточно, фрагменти од керамички садови, тегули и грамади од градежен материјал. Локалитетот е познат уште под…

Горно Дрмче. Осамен наод од доцноантичкото време. Во нивата на Ѓорѓи Кромитчиески биле откриени повеќе питоси.

Грнчарско Селиште. Средновековна црква. На 2 km западно од селото, а исто толку и од селото Грнчари, според кажувањето на мештаните, на едниот крај од ливадите, обраснат со капини, имало остатоци од темели на мала црквичка.

Кирејца. Населба од доцноантичкото време. На 1 km од селото, во правецот на селото Рајца, по површината на нивите се забележуваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал.

Св. Ѓорѓи. Некропола од римското време. На 500 м југозападно од селото, во правецот на езерскиот брег, според кажувањата на мештаните, при изградбата на црквата Св. Ѓорѓи биле откопани и уништени повеќе гробови со конструкции од камени плочи.…

Арапски Гробишта. Средновековна некропола. Во непосредната близина на училиштето и на просторот помеѓу новата и старата селска населба се забележуваат контури од камени конструкции на гробови.

Висои. Населба од доцноантичкото време и старо-христијанска базилика со некропола. На повеќе места во атарот на селото се откриени остатоци од населба. Покрај самиот пат што води за Старо Село, во лозјата и овоштарниците се среќаваат фрагменти од…

Св. Атанас. Старохристијанска базилика. Во просторот меѓу старата и новата населба се наоѓа малата црквичка Св. Атанас. При копањето на темели за нова црква мештаните откриле остатоци од постар објект. Со археолошките ископyвања извршени од…

Прељупски Рид. Населба од доцноантичкото време. На 1 km југоисточно од селото, во лозјето на Мите Печаноски од селото Долно Петрово бил откриен питос. Во околните ниви се среќаваат фрагменти од керамички садови и множество градежен материјал.

Копачките. Некропола од доцноантичкото време. Во нивата на Кире Илиески, со археолошкото сондажно истражување во 1965 година биле откриени два гроба, едниот од типот "на две води" граден од тегули, а другиот ѕидан од камен и варов малтер, поставени…

Кулине. Нселба од бронзеното, хеленистичкото и римското време и среднот век. На 1 km источно од селото има рид со зарамнето плато на кое се наоѓаат фрагменти од керамички садови и друг археолошки материјал од населби со различна временска и културна…

Летувалиште. Населба од доцноантичкото време. Со изградбата на туристички објекти, како и со интензивното садење на овоштарници во околината на селото, особено во нивите на Ефтим Митрески, В. Котески, Б. Тотевски и соседните, биле откривани темели од…

Ливаѓе. Населба од доцноантичкото време. Во непосредната близина на селото, од јужната страна, со сондажното археолошко истражување извршено во 1973 година е откриен голем број археолошки предмети, и тоа фрагменти од керамички садови, питоси, тегови…

Ливатчиња. Вила рустика од римското време. На имотот на Ефтим Митрески, што се наоѓа на источната страна на селото, со сондажното археолошко истражување извршено во 1972 година се откриени остатоци од објект со хипокауст, како и археолошки…

Петрино.Населба од доцноантичкото време. Југозападно од училиштето "Мите Богоевски", при копањето на септичка јама е констатиран културен слој во кој се најдени фрагменти од керамички садови и друг археолошки материјал.

Претор. Населба од доцноантичкото време. Источно од селото, на просторот што се наоѓа до атарот на селото Курбиново, особено во имотите на Алекса Босилков и Стојан Костовски, со ископувањата во 1967, 1972 и 1974 година се откриени темели од објекти…

Св. Арангел. Осамен наод од римското време. Во црквата се наоѓаат две мермерни ари без претстави и натписи. Слична ара има и во црквата Св. Калуѓери - Метох, која се наоѓа јужно од селото.

Св. Атанасија. Средновековна црква. Со сондажното археолошко истражување во 1972 година се откриени темели од еднокорабна црква со полукружна апсида, ѕидана од камен и варов малтер.

Св. Богородица. Средновековна црква со некропола. Во 1960 година, при изградбата на одморалиштето на Тутунскиот комбинат од Прилеп биле откриени темели од црква и околу неа гробови од камени плочи.
Output Formats

atom, csv, dc-rdf, dcmes-xml, json, omeka-xml, rss2