<rdf:RDF xmlns:rdf="http://www.w3.org/1999/02/22-rdf-syntax-ns#" xmlns:dcterms="http://purl.org/dc/terms/">
<rdf:Description rdf:about="https://pelister.org/Omeka/items/show/386">
<dcterms:title><![CDATA[Св. Врачи. Долно Дупени]]></dcterms:title>
<dcterms:type><![CDATA[храм]]></dcterms:type>
<dcterms:spatial><![CDATA[Долно Дупени]]></dcterms:spatial>
</rdf:Description><rdf:Description rdf:about="https://pelister.org/Omeka/items/show/385">
<dcterms:title><![CDATA[Св. Петка. Долно Дупени]]></dcterms:title>
<dcterms:type><![CDATA[храм]]></dcterms:type>
<dcterms:spatial><![CDATA[Долно Дупени]]></dcterms:spatial>
</rdf:Description><rdf:Description rdf:about="https://pelister.org/Omeka/items/show/384">
<dcterms:title><![CDATA[Успение на Св. Богородица,  Долно Дупени]]></dcterms:title>
<dcterms:description><![CDATA[Црквата Успение на Св. Богородица се наоѓа над денешното село Долно Дупени, во просторот кој помеѓу мештаните е познат како Горно Село. До светилиштето се доаѓа со пешачење по земјениот шумски пат, во времетраење од околу 30 – 40 минути, почнувајќи од денешната местоположба на селото.

Црквата посветена на св. Богородица, како храмова слава го чествува 28 август, денот на Успението на св. Богородица. Изградена е на почетокот на 20 век и претставува пример за црковното градителство, сликарство и дрвена резба од периодот пред речиси сто години. Градбата има трилисна или крстовидна форма, со калоти на јужната, северната и источната страна. Најгоре доминира куполата поставена на осумстран тамбур со четири отвори за прозорци. Влезовите кон црквата се распоредени на западната и северната фасада а од северната страна кон исток постои и директен влез во олтарниот простор. Внатрешноста на градбата делува доста пространо. Иконостасот изведен во резба, со отвори за два реда на икони, подигнат е од нивото на наосот со три скалила. Внимание привлекуваат и амвонот или певницата како и владичиниот трон, сите декорорани со дрвена резба. Резбаниот инвентар, според сочуваните натписи, е дело на браќата Нестор и Лазар Алексиеви од с. Осој – Дебарско. Работите ги завршиле ви текот на 1908 и 1909 год. Од присутните мотиви на резбаната декорацијата, доминира флоралната стилизирана орнаментика.

Сликаните икони на иконостасот се исто така работени во 1909 година и се дела на браќата Крсте и Коста Николови од с. Лазарополе. Нивни се и големите икони сместени на ѕидовите, јужно и северно од иконостасот, како и иконите на Исус Христос и евангелистите на певницата.

Во црквата се наоѓаат и неколку постари икони, кои зборуваат за постарата историја

на овој храм.]]></dcterms:description>
<dcterms:created><![CDATA[20 век]]></dcterms:created>
<dcterms:type><![CDATA[храм]]></dcterms:type>
<dcterms:spatial><![CDATA[Долно Дупени]]></dcterms:spatial>
</rdf:Description><rdf:Description rdf:about="https://pelister.org/Omeka/items/show/383">
<dcterms:title><![CDATA[Св. Богородица Пречиста, Љубојно]]></dcterms:title>
<dcterms:description><![CDATA[Оваа мала еднокорабна црква е сместена во источниот дел од Љубојно. Несомнено дека врз неа се вршени повеќе преправки, во различни временски периоди, се до најново време. Црквата има полукружна апсида на исток и единствен влез од западната страна. На југозападниот агол од храмот сочуван е еден немалтерисан камен врз кој е испишана 1852. годината. Оваа година како и дел од иконите на иконостасот, не наведуваат на помислата дека кон средината на 19 век се извршени посериозни интервенции. Од иконописната содржина во црквата, застапени се и неколку икони од

1929 до 1937година.

На источниот ѕид од олтарниот простор, слично како и во црквата Св. Атанасиј од истото село, е сочувано ѕидно сликарство кое според стилските карактеристики може хронолошки да се датира во првата половина на 17 век. Од останатите композиции заслужуваат внимание претставите на св. Богородица со Христос во калотата од апсидата и претставата на Христовото Вознесение во горните партии.]]></dcterms:description>
<dcterms:created><![CDATA[17 век]]></dcterms:created>
<dcterms:type><![CDATA[храм]]></dcterms:type>
<dcterms:spatial><![CDATA[Љубојно]]></dcterms:spatial>
</rdf:Description></rdf:RDF>