Browse Items (383 total)

Св. Богородица. Средновековна црква со некропола. Во 1960 година, при изградбата на одморалиштето на Тутунскиот комбинат од Прилеп биле откриени темели од црква и околу неа гробови од камени плочи.

Оваа мала еднокорабна црква е сместена во источниот дел од Љубојно. Несомнено дека врз неа се вршени повеќе преправки, во различни временски периоди, се до најново време. Црквата има полукружна апсида на исток и единствен влез од западната страна. На…

Св. Атанасија. Средновековна црква. Со сондажното археолошко истражување во 1972 година се откриени темели од еднокорабна црква со полукружна апсида, ѕидана од камен и варов малтер.

Св. Атанасија. Средновековна црква. На 1 km источно од селото, од десната страна на патот има остатоци од средновековна црква со димензии од 7,60 х 5 м. Дебелината на ѕидовите, градени од кршен камен и варов малтер, изнесува 0,80 м.

Св. Атанасија. Средновековна некропола. Bо непосредната близина на селото, на југоисточната страна се гледаат остатоци од гробови покриени со камени плочи од кои некои се должи и до 3 м.
Output Formats

atom, csv, dc-rdf, dcmes-xml, json, omeka-xml, rss2