Селиште. Средновековна населба и топилница. На 2 km северно од селото, на врвот од една мала височинка обрасната со густа шума, во непосредната близина на составот на реките Манастирска и Илинска се гледаат темели од објекти, наместа добро зачувани,…
Селиште. Средновековна црква со некропола. На околу 1 km источно од селото се наоѓаат урнатини од средновековна црква и околу неа гробови од камени плочи.
Сирхан. Осамен наод од римското време. При изградбата на тунелот за летувалиштето, во 1948 година е најдена надгробна стела со семејна претстава (фигури на маж, жена и дете), која се чува во Музејската збирка во Ресен.
Скочино. Средновековна населба, црква и некропола. На околу 2 km источно од селото, на поголем простор се гледаат грамади од градежен материјал, а по површината се среќаваат фрагменти од питоси и покривни ќерамиди. На највисокиот дел од локалитетот…
Слатина. Населба од доцноантичкото време. На десната страна од патот за Ресен, на 2,5-3 km јужно од селото, на блага падина што се спушта кон запад, при обработувањето на нивите мештаните откриле темели од објекти ѕидани од кршен камен и кал. По…
Сливница. Населба од римското време. Во текот на изградбата на селските куќи (на Цветко Наумовски, Јован Бошковски и други) биле откривани остатоци од темели на повеќе објекти. Денес на површината може да се видат фрагменти од керамички садови,…