Browse Items (383 total)

Куќишта. Средновековна населба. Во подножјето на Баба Планина, на околу 2 km источно од селото има зарамнета површина на која се присутни грамади од кршен камен, покривни ќерамиди и друг градежен материјал. Според исказите на мештаните, пред Втората…

Леска. Населба од римското време. На 1 km источно од селото, покрај патот за Љубојно, во бавчата на Гоце Калајџиевски, со обработувањето на земјата биле откриени остатоци од темели на објекти со подови од камени плочи и фрагмент од стебло на столб.…

Летувалиште. Населба од доцноантичкото време. Со изградбата на туристички објекти, како и со интензивното садење на овоштарници во околината на селото, особено во нивите на Ефтим Митрески, В. Котески, Б. Тотевски и соседните, биле откривани темели од…

Ливадица. Осамен наод од доцноантичкото време. Во бавчата на Д. Петрески при обработувањето на земјата се откриени неколку помали питоси.

Ливаѓе. Населба од доцноантичкото време. Во непосредната близина на селото, од јужната страна, со сондажното археолошко истражување извршено во 1973 година е откриен голем број археолошки предмети, и тоа фрагменти од керамички садови, питоси, тегови…

Ливатчиња. Вила рустика од римското време. На имотот на Ефтим Митрески, што се наоѓа на источната страна на селото, со сондажното археолошко истражување извршено во 1972 година се откриени остатоци од објект со хипокауст, како и археолошки…

Лозјата. Населба од неолитското време. По површините на селските лозја, кои лежат 2 km западно од селото, се забележуваат фрагменти од керамички садови и голем број орудија од камен и кремен.

Маркова Нога. Населба од хеленистичкото и доцно-античкото време. Во непосредната близина на граничниот премин покрај езерскиот брег, со повлекувањето на водите на езерото се откриени објекти градени од камени блокови, слични на градбите од…

00001-1-1.jpg
Спомен плоча посветена на седумте младинци борци од Лерин убиени на 17.01.1944 од бугарските окупатори. Маркова нога.

Метилец. Населба од доцнохеленистичкото време. Покрај езерскиот брег помеѓу селата Наколец и Штрбово, на простор од околу 33 х 100 m се забележуваат остатоци од темели на градби градени од монолитни камења и фрагменти од керамички садови. Наодите се…
Output Formats

atom, csv, dc-rdf, dcmes-xml, json, omeka-xml, rss2