Богоевски Панде Мите. (1919- 1942)

Title

Богоевски Панде Мите. (1919- 1942)

Type

борец

Spatial Coverage

Болно

Temporal Coverage

НОВ

Biographical Text

Роден е во село Болно на 31 октомври 1919 година. Потекнува од селско земјоделско и печалбарско семејство.

Уште од раните детски години Мите го вкусил макотрпниот селски живот. Основното училиште го завршува во родното село. Поради тешката материјална положба, по завршувањето една година останува во својот дом, правејќи прекин во школувањето. Бидејќи бил жеден и талентиран за учење, наредната учебна 1931-32 година се запишува во Граѓанската школа во Ресен. И покрај тоа што постојано патувал, тоа не го попречувало да биде одличен ученик во сите четири години. Во Ресен започнува да ги пишува своите први песни, а во третата година од школувањето ја напиша песната "Осамен патник", посветена на самиот себе и сите оние кои секојдневно патувале по повеќе километри од дома до училиштето и обратно.

Есента 1935 година, Мите ги оставил своето родно село Болно и Ресен заминувајќи за Битола, на школување во тогашната Трговска академија. Таму веднаш се поврзал со напредната средношколска младина и се вклучил во напредното младинско движење, земајќи активно учество во борбата против денационализаторската и експлоататорска политика на големосрпската буржоазија во Македонија. Во 1937 година меѓy младите интелектуалци започнала да се формира илегална организација на СКОЈ. Мите бил еден од носителите на активностите на оваа организација. Во Трговската академија се истакнувал и како одличен ученик, добар другар и пријател, скромен и несебичен. Поради неговата прогресивна активност бил следен и сослушуван од школската управа. Мите бил активен член во литераryрната дружина "Иван Гундулиќ" при Трговската академија. Тогаш напишал повеќе песни со напредна револуционерна содржина, поради што бил наречен Максим Горки.

Во 1939 година Мите со успех ја завршил Академијата и есента се запишал на Економскиот факултет во Белград. Истата година станал и член на Комунистичката партија на Југославија. Соочен со немаштија, тој прави напори да се вработи и вонредно да студира. Но кога сето тоа не му успеало, разочаран, се вратил во родното село. Пред заминувањето за Белград, а особено по неговото враќање, пристапил кон организирање на илегални партиски и скоевски организации во Преспа.

Неговата револуционерна активност го привлекла вниманието на полицијата на бившата југословенска власт. На 16 септември 1940. година, заедно со неколку негови соработници, при извршување партиска задача во Битола, бил уапсен и одведен во злогласниот затвор Главњача во Белград, а потоа префрлен на Ада Циганлија кај Белград.

Во затворот останал до 16 ноември истата година, кога бил изведен пред Судот за заштита на државата. Но поради немање доволно докази за неговата илегална комунистичка активност, Мите бил ослободен од обвинение и вратен во родниот крај.

По враќањето во Преспа, Мите повторно се активирал во работата на партиските организации, работејќи на нивното организационо и политичко зацврстyвање. Станува член на Партиското поверенство на Преспа, а по окупацијата на земјата од страна на фашистичкиот окупатор, тој е член на Месниот комитет на КПЈ за Ресен и Ресенско, истовремено вршејќи ја должноста и секретар на Месниот комитет на СКОЈ. Во условите на окупацијата бил во постојано движење, ги посетyвал сите основни партиски организации, помагал во нивната работа и ја проверувал подготвеноста за вооружена борба. Напоредно, Мите ги зајакнал врските на партиската организација на Преспа со Месниот комитет на КПЈ за Битола и Охрид, воспоставувајќи врски и со повисоките партиски раководства во земјата.

Бидејќи бил постојано следен од бугарската фашистичка полиција, за да ја прикрие својата активност Мите се вработил во општината во село Јанковец. Тогаш по директива на Месниот комитет на КПЈ за Ресен и Ресенско и други членови на КПЈ биле уфрлувани на работни места во полицијата, шумарството и други ресори.

Во подготовките за оружена борба против окупаторот Мите работи на прибирање оружје, муниција и друг воен материјал. Прифаќал и сместувал илегалци, а во општината каде што работел, эаедно со Илија Спировски, устроил техника за издавање фалсификувани лични карти за потребите на Народноослободителното движење.

На 1 април 1942 година бил уапсен од бугарската полиција. Повод за неговото апсење биле пронајдените лични карти кај убиените првоборци Борка Талевски и Лазо Филиповски-Лавски, на кои од печатот можело да се види дека биле издадени во Јанковската општина. Во полицискиот участок во Ресен, каде што бил затворен, Мите останал околу десет дена. Таму бил подложен на сурово мачење, оставен без леб и вода. По неуспешните обиди да го скршат неговиот револуционерен дух и откако не можеле да дибијат никакво признание, окупаторите го ослободиле, но будно ја задржале контролата над него. Тогаш Мите преминал во полна илегалност, неуморно продолжувајќи ја револуционерната дејност, особено активноста околу формирањето на партизански одред во Преспа.

На 6 јули 1942 година се исполнила неговата желба. Тогаш бил формиран партизанскиот одред "Даме Груев". Не поминало долго време, а борците од овој одред, на 2 август 1942 година, ја извршиле првата борбена акција и го ослободиле селото Смилево. Воодушевен од оваа акција на Одредот, Мите ја посветува песната "39. минаја", во која ја акцентира 39--годишнината на Илинденското востание. Во тоа време Мите, со револуционерен занес и патриотизам испеал и други песни како: "Спроти Илинден",. "Стојанка, млада партизанка" и други. Мите со партиската организација во село Болно неуморно го организирал снабдувањето на одредот "Даме Груев" со храна, муниција и други потреби.

По извршените акции на битолско-преспанскиот НОП одред "Даме Груев" кај село Смилево и село Кажани, бугарската фашистичка војска и полиција од Битола и Ресен тргнала во потера по Одредот, со цел да ги уништи, а наедно да ја запре и целокупната партиска активност во Преспа.

Во месец септември 1942 година партиската организација на територијата на Преспа под бугарска фашистичка окупација ја зафати голема провала. Тогаш голем број членови на КПЈ, Месниот комитет на КПЈ за Ресен и Ресенско, CКOJ, симпатизери и други напредни граѓани на Преспа биле затворени. Утрото на 12 септември 1942 година, селото болно било блокирано од бугарската војска и полицијата од сите страни. Започнало масовно апсење на членовите на КПЈ и други патриоти.

Мите заедно со својот соборец и другар, организатор на НОВ и Револуцијата во Битола и Битолско — Стеван Наумов—Стив, се наоѓале во блиската шумичка над селото, договарајќи се за преземање конкретни мерки во условите на новонастанатата ситуација. Во меѓyвреме шумичката била опколена од бугарската војска и полиција. Започнало претресувањето и стегањето на обрачот, а Мите и Стив кога забележале дека се опколени и дека ќe бидат откриени, зазеле позиција за борба. Во нерамната борба со мноryбројната непријателска војска и полиција, во шумичката и месноста "Долец", борејќи се храбро кога останувале без муниција, не сакајќи да паднат во окупаторските раце Стив ја активирал последната бомба, а Мите за себе го употребил последниот револверски куршум.

Така бил прекинат животот на борец и револуционер, организатор на востанието во Преспа, младиот но прекален комунист Мите Богоевски. Бугарскиот окупатор како да се плашел од мртвите тела на двата херои, ги откопал и ги пренесол во непознато место. На 2 авryст 1949 година, големиот син на Преспа, младиот македонски поет Мите Богоевски, благодарната татковина го прогласи за народен херој на Југославија.

Citation

“Богоевски Панде Мите. (1919- 1942),” Преспа, accessed November 21, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/12.

Geolocation

Social Bookmarking