Али Коч - Скочино. Населба и некропола од римското време. Рајца

Title

Али Коч - Скочино. Населба и некропола од римското време. Рајца

Description

Али Коч - Скочино. Населба и некропола од римското време. На околу 500 м западно од селото во правецот на езерото, во нивите на Панде Божиноски и Јонче Камбев, како и во соседните ниви, со земјоделските работи биле откривани остатоци од темели на објекти и гробови со конструкции од тегули и имбрекси - тип "на две води". Денес на површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.

Type

археолошки наод

Spatial Coverage

Рајца

Temporal Coverage

римско време

Citation

“Али Коч - Скочино. Населба и некропола од римското време. Рајца,” Преспа, accessed November 21, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/122.

Social Bookmarking