Св. Атанас. Старохристијанска црква. Стење
Title
Св. Атанас. Старохристијанска црква. Стење
Description
Св. Атанас. Старохристијанска црква. На околу 1 km јужно од селото, крај патот за селото Коњско се наоѓа црквата Св. Атанас, подигната во XVIII век. При трасирањето на патот што поминува крај самата црква биле откриени остатоци од постар објект — црква градена со камен и варов малтер, како и едно столпче од мермер со врежан грб. Според овие наоди, може да се претпостави дека црквата Св. Атанас била подигната врз темелите на постар сакрален објект.
Type
археолошки наод
Spatial Coverage
Стење
Temporal Coverage
старохристијанско време
Collection
Citation
“Св. Атанас. Старохристијанска црква. Стење,” Преспа, accessed November 25, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/136.