ЃЕРАСОВСКИ МИТУШ ХРИСТО - БУЧКО. (1921 - 1943)
Title
ЃЕРАСОВСКИ МИТУШ ХРИСТО - БУЧКО. (1921 - 1943)
Type
борец
Spatial Coverage
Болно
Temporal Coverage
НОВ
Biographical Text
Роден е во с. Болно 1921 година. Потекнува од земјоделско семејство. Завршил основно образование во родното село. Бучко бил напреден младинец и имал чести контакти со членовите на КПЈJ од селото поради што во септември 1941 година бил примен во редовите на Скоевската организација на с. Болно.
Во септември 1942 година бил мобилизиран во бугарската фашистичка војска. При првото идење на отсуство избегал од редовите на оваа окупаторска војска.
Во месец април 1943 година стапил во редовите на Битолско-преспанскиот НОП одред "Даме Груев". Бил нишанџија на пушко-митролез. Учествувал во повеќе борбено-политички акции на Одредот на територијата на Преспа и селата во Дебарца. Со формирањето на баталјонот "Мирче Ацев" бил во првите негови редови. На 7 септември 1943 година неговата единица води тешка борба со италијанската војска во с. Белчишта-Охридско. Во таа борба Бучко, борејќи се храбро загинува.

Collection
Citation
“ЃЕРАСОВСКИ МИТУШ ХРИСТО - БУЧКО. (1921 - 1943),” Преспа, accessed November 21, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/15.