Св. Великомаченик Ѓорѓи. Курбиново
Title
Св. Великомаченик Ѓорѓи. Курбиново
Description
Според својот надворешен изглед, објектот на прв поглед не оддава впечаток на некаков исклучително значаен споменик. Тој се карактеризира со крајно едноставен план, без посебни архитектонски карактеристики и со релативно скромни димензии од 15 м. во должина и 7 м. во ширина. Скромниот изглед бил една од причините храмот долго време да не го предизвикува вниманието на врвните научни работници. Неговото прецизно датирање, било потврдено дури по конзерваторските интервенции, кон средината на 20 век. Тогаш стана сосема јасно и очигледно, врз основа на откриениот натпис, дека сликарството потекнува од 1191 год., односно од времето на владеачката византиска династија на Комнените-Ангелите, според кои и сликарството од нивното време често се нарекува Комненски стил. Денес, преовладува мислењето дека фреските во црквата според своите стилско-ликовни карактеристики се примери на највисоките дострели во доменот на монументалното сликарство во источнохристијанската уметност. Авторите на ова сликарство за кои се претпоставува дека се двајца, со своето творештво се потврдиле како високообразовани личности и врвни таленти на своето време. За среќа живописот е сочуван скоро во целост, со исклучок на еден дел од претставите во најдолната зона и живописот од горниот дел од третата зона со фигурите на пророците. Сликаната програма вметната во скромните димензии на оваа градба е сведена на најбитните претстави. Во првата зона се насликани поединечни претстави на светители прикажани во цел раст. Според монументалните димензии, деталите и просторот кој го зафаќаат, покрај иконостасот кој денес не постои, се издвојуваат претставите на Христос од јужната страна и св. Ѓорѓи, патронот на храмот од север. Од локално почитуваните светители би ги издвоиле претставите на св. Кирил и Методиј, св. Климент Охридски, св. Ахилиј Лариски и св. Марена. Над нив се циклусите кои ги илустрираат Христовиот живот и страдања.
Вниманието посебно го привлекуваат насликаните претстави во прос торот на апсидата. Овде, во долната зона, за првпат е насликана Службата на архијереите пред малиот Христос, претставен како жртва на чесната трпеза. Подоцна ваквото претставување добива свое вообичаено место во византиското и поствизантиското сликарство. Горниот простор од апсидалната конха го исполнуваат фигурите на Св. Богородица која седи на трон, со малиот Христос во рацете а лево и десно од нив се антологиските претстави на Архангелите Михаил и Гаврил.
Основни карактеристики на ова сликарство се нескротливите линии како п рвостепено изразно средство на авторите и издолжените елегантни и грациозни фигури околу кои доминираат развиорените набори на драпериите. Изборот на боите е исто така дел од оригиналноста на овие мајстори. Префинетоста на тоновите нивните деликатни поврзувања како и употребата на сенките создаваат впечаток на богата палета базирана на многу малку нијанси на бои. Сите наведени елементи како и применетата техника на фреските, зборуваат за едно врвно мајсторство, изведено со голем осет, внимателност и неверојатна прецизност.

Type
манастир
Spatial Coverage
Курбиново
Date Created
12 век
Collection
Citation
“Св. Великомаченик Ѓорѓи. Курбиново,” Преспа, accessed November 21, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/171.