<rdf:RDF xmlns:rdf="http://www.w3.org/1999/02/22-rdf-syntax-ns#" xmlns:dcterms="http://purl.org/dc/terms/">
<rdf:Description rdf:about="https://pelister.org/Omeka/items/show/186">
    <dcterms:title><![CDATA[Св. Никола. Брајчино]]></dcterms:title>
    <dcterms:description><![CDATA[Храмот е лоциран во северозападниот дел од с елото, до кој се стигнува по теснитете асфалтирани улички, опкружени со камените ѕидови и старата селска архитектура. Тој е сместен во кругот на селските гробишта и претставува трикорабна градба со полукружна апсида врз која се поставени седум плитки и лачно засведени ниши. Крај јужната и западната фасада, прилепени се затворените тремови и помошните простории.<br />
 Според натписот во нишата над влезот, дознаваме дека црквата е и зградена во 1871/72 година. Внатрешноста на црквата е надолжно поделена на три делови со два реда од по пет столбови. Нартексот на западниот дел од внатрешноста е одвоен со преграда и е подигнат со три скали повисоко од нивото на наосот. Над нартексот е направена галеријата на кат. Врз ѕидните површини во наосот и нартексот не се сочувало ѕидно сликарство. Живопис постои само во апсидата и во протезисот. Во конхата од апсидата насликана е св. Богородица со Христос на горниот дел и фигурите на архијереите св. Јован Златоуст, св. Василиј Велики, св. Никола, св. Атанасиј, св. Григориј и св. Спиридон во долната зона.<br />
 Иконостасот е составен од три реда на икони, царски двери и врат и на јужниот и северниот дел на преградата. Иконите од иконостасот се работени во 1875 и 1889 година. Според сликарските натписи, постарите икони се дела на Апостол Стеријев од селото Пласје а оние од 1889 год., на Атанас Димитри зограф од селото Негован – леринско, денес во Р. Грција.]]></dcterms:description>
    <dcterms:type><![CDATA[храм]]></dcterms:type>
    <dcterms:spatial><![CDATA[Брајчино]]></dcterms:spatial>
</rdf:Description></rdf:RDF>
