<rdf:RDF xmlns:rdf="http://www.w3.org/1999/02/22-rdf-syntax-ns#" xmlns:dcterms="http://purl.org/dc/terms/">
<rdf:Description rdf:about="https://pelister.org/Omeka/items/show/188">
    <dcterms:title><![CDATA[Св. Архангел Михаил. Долно Дупени]]></dcterms:title>
    <dcterms:description><![CDATA[На територијата од денешното село Д. Дупени, се наоѓа црквата посветена на споменот на чудата на Св. Архангел Михаил. Прославувањето на овој празник, кое се случува на 19 септември, претставува истовремено и селска слава. Храмот претставува еднокорабна градба со полукружна апсида и влез од јужната страна. Според податоците се кои располагаме црквата е изградена на старо култно место во 1883 година Во поново време сите надворешни ѕидиви се измалтерисани, а врз западната и делумно северната фасада се прилепени неколку помошни простории. Во внатрешноста на црквата, ѕидно сликарство има само зад владичиниот трон во централниот дел а во олтарниот простор во нишата од жртвеникот и главната апсидална конха. Тоа потекнува од 1894 година, односно од периодот кога населбата полека од локацијата на некогашното Горно Село постепено се префрла на денешната местоположба.<br />
 Олтарната преграда е со два реда на икони изработени од истиот мајстор што  го работел ѕидното слокарство. Според испишаните години и тие се датирани заедно со изработката на целиот иконостас во 1894 година.]]></dcterms:description>
    <dcterms:created><![CDATA[19 век]]></dcterms:created>
    <dcterms:type><![CDATA[храм]]></dcterms:type>
    <dcterms:spatial><![CDATA[Долно Дупени]]></dcterms:spatial>
</rdf:Description></rdf:RDF>
