<rdf:RDF xmlns:rdf="http://www.w3.org/1999/02/22-rdf-syntax-ns#" xmlns:dcterms="http://purl.org/dc/terms/">
<rdf:Description rdf:about="https://pelister.org/Omeka/items/show/238">
    <dcterms:title><![CDATA[Св. Атанас. Љубојно]]></dcterms:title>
    <dcterms:description><![CDATA[ Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата Св. Петар и Павле, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на Св. Атанасиј Велики. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна, најверојатно се направени во 1968 год. Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година.<br />
 Најважната содржина, со која го задржува вниманието оваа црква, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.]]></dcterms:description>
    <dcterms:created><![CDATA[17 век]]></dcterms:created>
    <dcterms:type><![CDATA[храм]]></dcterms:type>
    <dcterms:spatial><![CDATA[Љубојно]]></dcterms:spatial>
</rdf:Description></rdf:RDF>
