БОЧКАРОВСКИ ТАСЕ МИХАЈЛО (КАЛИЈА) — ЧАРЛИ. (1895-1938)
Title

Type
борец
Spatial Coverage
Кривени
Temporal Coverage
НОВ
Biographical Text
Роден е 1895 година во село Кривени. По занимање беше работник. По потекло е од сиромашно земјоделско семејство. Немајќи услови за живот — беше принуден, во својата седумнаесетгодишна возраст да го напушти родното село и да замине на печалба во Соединетите Американски Држави. Таму работеше како општ работник во Њу- јорк, Детроит, Лакавана и други места.
Во Америка го вкуси тешкиот печалбарски живот и се приклучи кон прогресивното работничко движење. Учествуваше во работничките штрајкови во кои се барале подобри услови за работа, живеење и поголеми работнички надници. Поради таквата активност беше притворуван и иследуван, што го принудуваше да го менува местото на живеење. Во 1919 година беше протеран од Америка и се врати во родното село Кривени. Беше мобилизиран во војската на Кралството Југославија, а по отслужувањето на воениот срок повторно замина за Соединетите Американски Држави. Таму зема активно учество на собирите кои ги организира напредното работничко движење, а во 1930 година со формирањето на "Македонскиот народен сојуз" станува негов член. Како резултат на неговата револуционерна активност беше примен за член на КП на Америка.
Со избувнувањето на Шпанската граѓанска војна, Михајло меѓу првите доброволци се одѕва за спасување на Шпанската република од фашистичката опасност. Во јануари 1937 година заминува за Шпанија. Во Харама (Шпанија) се среќава со свои сограѓани и други југословенски доброволци. Беше борец во артилерискиот дивизион "Група Еславо". Учествува на разни фронтови, меѓу кои и на мадридскиот фронт. Загина во 1938 година во борбите кај Виљануса дела Канада.

Collection
Citation
“БОЧКАРОВСКИ ТАСЕ МИХАЈЛО (КАЛИЈА) — ЧАРЛИ. (1895-1938),” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/323.