БОЖИНОВСКИ ВАСИЛ НАУМЕ. (1915 - 1944)

Title

БОЖИНОВСКИ ВАСИЛ НАУМЕ. (1915 - 1944)

Type

борец

Spatial Coverage

Ресен

Temporal Coverage

НОВ

Biographical Text

Роден е во Ресен во 1915 година. Потекнува од земјоделско семејство. По занимање бил чевларски работник. Поради тешките услови за живеење бил принуден уште за времето на биgша Југославија да оди и бара работа дури во Марибор. Таму се запознал со напредното револуционерно работничко движење и бидува примен за член на КПЈ. Во февруари 1940 година како член на КПЈ се враќа во Ресен.

Кога, во втората половина на месец јули 1941 година се формира Месниот комитет на КПЈ за Ресен и Ресенско, Науме бил поставен за негов прв секретар. Неговата напредна револуционерна активност била откриена од страна на бугарскиот фашистички окупатор кој во сепtември 1942 година го уапсил и затворил во битолскиот затвор, каде останал до февруари 1943 година. Тогаш поради немање на доволно докази, бил пуштен од затворот.

Во НОВ стапил во април 1944 година во единиците на Првата македонско-косовска народноослободителна ударна бригада. Потоа бил во составот на Првата македонска бригада. Загинал на 22 јули 1944 година при испробување на новиот минофрлач во с. Буринец во својство на комесар на Придружниот баталјон на Бригадата.

Citation

“БОЖИНОВСКИ ВАСИЛ НАУМЕ. (1915 - 1944),” Преспа, accessed November 21, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/361.

Social Bookmarking