МИЛОШЕВСКИ ТОДОР ТАШКО. (1925-1945)
Title
МИЛОШЕВСКИ ТОДОР ТАШКО. (1925-1945)
Type
борец
Spatial Coverage
Ресен
Temporal Coverage
НОВ
Biographical Text
Роден е на 20 мај 1925 година во Ресен. Произлеryва од земјоделско семејство. Ја завршил граѓанската школа во Ресен, а потоа своето школување го продолжил во гимназијата во Битола. Тука се запознава со напредното движење на средношколската младина и во него активно се вклучува. Поради тоа бил примен за член на СКОЈ во гимназиската организација, а потоа станува и нејзин секретар. Во неговиот стан во Битола се собирале илегалци, а се одржувале и состаноци со членовите на СКОЈ. Пролетта 1943 година како ученик во VI клас бил откриен и приморан да премине во илегалство.
Во НОВ стапил во јули 1943 година во редовите на Битолскиот НОП одред "Гоце Делчев" а потоа во баталјонот "Стив Наумов" каде што станал младински раководител на чета. Со Баталјонот учествувал во походот за Дебарца, во борбените акции кај село Мраморец, Турје и други места. Со истиот баталјон учествувал во Февруарскиот поход. При формирањето на III-та македонска бригада бил поставен за младински раководител, а потоа за политички комесар на Баталјонот. Со неа учествувал во завршните операции за ослободување на земјата на Сремскиот фронт. Во борбите со Германците и усташите, што се воделе на 16 април 1945 година кај Врпоље - СР Хрватска беше тешко ранет, фатен од усташите и заклaн уште истата вечер.

Collection
Citation
“МИЛОШЕВСКИ ТОДОР ТАШКО. (1925-1945),” Преспа, accessed November 21, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/364.