<rdf:RDF xmlns:rdf="http://www.w3.org/1999/02/22-rdf-syntax-ns#" xmlns:dcterms="http://purl.org/dc/terms/">
<rdf:Description rdf:about="https://pelister.org/Omeka/items/show/384">
    <dcterms:title><![CDATA[Успение на Св. Богородица,  Долно Дупени]]></dcterms:title>
    <dcterms:description><![CDATA[Црквата Успение на Св. Богородица се наоѓа над денешното село Долно Дупени, во просторот кој помеѓу мештаните е познат како Горно Село. До светилиштето се доаѓа со пешачење по земјениот шумски пат, во времетраење од околу 30 – 40 минути, почнувајќи од денешната местоположба на селото.<br />
 Црквата посветена на св. Богородица, како храмова слава го чествува 28 август, денот на Успението на св. Богородица. Изградена е на почетокот на 20 век и претставува пример за црковното градителство, сликарство и дрвена резба од периодот пред речиси сто години. Градбата има трилисна или крстовидна форма, со калоти на јужната, северната и источната страна. Најгоре доминира куполата поставена на осумстран тамбур со четири отвори за прозорци. Влезовите кон црквата се распоредени на западната и северната фасада а од северната страна кон исток постои и директен влез во олтарниот простор. Внатрешноста на градбата делува доста пространо. Иконостасот изведен во резба, со отвори за два реда на икони, подигнат е од нивото на наосот со три скалила. Внимание привлекуваат и амвонот или певницата како и владичиниот трон, сите декорорани со дрвена резба. Резбаниот инвентар, според сочуваните натписи, е дело на браќата Нестор и Лазар Алексиеви од с. Осој – Дебарско. Работите ги завршиле ви текот на 1908 и 1909 год. Од присутните мотиви на резбаната декорацијата, доминира флоралната стилизирана орнаментика.<br />
 Сликаните икони на иконостасот се исто така работени во 1909 година и се дела на браќата Крсте и Коста Николови од с. Лазарополе. Нивни се и големите икони сместени на ѕидовите, јужно и северно од иконостасот, како и иконите на Исус Христос и евангелистите на певницата.<br />
 Во црквата се наоѓаат и неколку постари икони, кои зборуваат за постарата историја<br />
на овој храм.]]></dcterms:description>
    <dcterms:created><![CDATA[20 век]]></dcterms:created>
    <dcterms:type><![CDATA[храм]]></dcterms:type>
    <dcterms:spatial><![CDATA[Долно Дупени]]></dcterms:spatial>
</rdf:Description></rdf:RDF>
