<rdf:RDF xmlns:rdf="http://www.w3.org/1999/02/22-rdf-syntax-ns#" xmlns:dcterms="http://purl.org/dc/terms/">
<rdf:Description rdf:about="https://pelister.org/Omeka/items/show/393">
    <dcterms:title><![CDATA[Св. Никола. Наколец]]></dcterms:title>
    <dcterms:description><![CDATA[Карактеристично за оваа населба е тоа што во неа има две цркви посветени на Св. Никола. Едната,лоцирана крај самиот брег од езерото, е од понов датум, од првата половина на 20 век, а другата, постарата, според натписот на јужната фасада е датирана во 1854 год.<br />
 Постарата градба е лоцирана во централниот дел од селото. Сместена е во ограден иот простор, заедно се селските гробишта. Според својата архитектонска конструкција се вбројува во типот на мали трикорабни псевдобазилики, со петтострана апсида на исток и доградени помошни простории крај западната фасада. Во внатрешноста на црквата се влегува од јужната страна и тоа низ еден влез кој води во наосот и еден, кон олтарскиот простор. Јужната фасада во поново време е измалтерисана, така што автентичниот опус на ѕидаријата може да се види само на источниот и северниот ѕид. Кровот е со едноставно решение на две води.<br />
 Наосот е издвоен од нартексот со ниска пре града, додека пред олтарскиот дел е иконостасот со три реда на икони. На иконостасот се икони работени од повеќемина анонимни мајстори.<br />
 Врз ѕидните површини во наосот и олтарскиот простор не се сочу вале траги од постаро сликарство. Можеби постоечкото сликарство од поново време со лош квалитет, е нанесено токму врз постарите нсликани партии, со што е нарушена автентичната содржината во црквата.]]></dcterms:description>
    <dcterms:type><![CDATA[храм]]></dcterms:type>
    <dcterms:spatial><![CDATA[Наколец]]></dcterms:spatial>
</rdf:Description></rdf:RDF>
