Горна Маала. Населба и некропола од римското време и средниот век. Козјак
Title
Горна Маала. Населба и некропола од римското време и средниот век. Козјак
Description
Горна Маала. Населба и некропола од римското време и средниот век. На околу 1 km источно од селото и 1 km јужно од месноста Макази, на голема површина, што зафаќа простор од 100 m во должина и околу 300 м во ширина, се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Во југоисточниот дел, од левата страна на патот Макази-Асамати, во 1956 година Нури Редиери, обработувајќи го лозјето, открил и уништил повеќе гробови. Откриени се и темели од повеќе објекти, а во северозападниот дел остатоци од античкиот пат Via Egnatia. Се претпоставува дека во оваа месност била патната станица Скиртијана, помеѓу Хераклеја и Лихнид. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Охрид и во Музејската збирка во Ресен.
Type
археолошки наод
Spatial Coverage
Козјак
Temporal Coverage
римско време
средновековно време
Collection
Citation
“Горна Маала. Населба и некропола од римското време и средниот век. Козјак,” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/57.