Голем Град - Остров. Населба од неолитското, хеленистичкото и римското време, некропола од римското време и средниот век.

Title

Голем Град - Остров. Населба од неолитското, хеленистичкото и римското време, некропола од римското време и средниот век.

Description

Голем Град - Остров. Населба од неолитското, хеленистичкото и римското време, некропола од римското време и средниот век. Се наоѓа во југозападниот дел на Преспанско Езеро, на граничната тромеѓа со Грција и Албанија. Има површина од 18 хектара и претставува природна тврдина со висина од 30 м над нивото на езерската вода. Уште во 1898 година П. Н. Миљуков го посетил островот и ги регистрирал фреските во црквите Св. Петар и Св. Димитрија, денес урната. Ископувања се изведени во 1967/68 година, потоа од 1980 до 1990 година, при што се откриени неолитски артефакти, темели од станбени објекти од хеленистичкото и римското време, основи од две старохристијански еднокорабни цркви, една црква од средниот век (Св. Димитрија), една цистерна од римското време и 102 гроба од римскиот и средновековниот период (II до XIV век) без прекин. Ѕидовите на црквите биле прекриени со фрески, а подовите спорадично со мозаици. Накитот од гробовите е изработуван од бронза, сребро, јантар, стаклена паста и злато. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.

Type

археолошки наод

Spatial Coverage

Коњско

Temporal Coverage

неолитското време
римско време
хеленистичко време
средновековно време

Citation

“Голем Град - Остров. Населба од неолитското, хеленистичкото и римското време, некропола од римското време и средниот век.,” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/61.

Social Bookmarking