Анче. Рибарска населба од хелеинстичкото време. Крани
Title
Анче. Рибарска населба од хелеинстичкото време. Крани
Description
Анче. Рибарска населба од хелеинстичкото време. На околу 500 м северно од автокампот на летувалиштето Крани, со опаѓањето на нивото на Преспанско Езеро, во 1989 година, на површина од околу 300 х 100 м се појавиле повеќе пунктови со остатоци од објекти. Откриени се 25 простории градени од кршен камен во сувоѕидица, со дебелина од 70 см и зачуван само еден дел од ѕидот. Со заштитните археолошки ископувања се истражени два хоризонта на живеење, од кои едниот е жолт песок - нанос, а вториот слој е песок и глина, сива боја, во кој има фрагменти од керамички садови. Дебелината на овој слој изнесува 10-20 см. Поради појавата на вода не е можно понатаму да се следи. Другата група градби ја сочинуваат 12 кружни јами изградени од големи камени блокови, сувоѕидица. При ископувањето на овие јами не се наиде на културен слој. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен.
Type
археолошки наод
Spatial Coverage
Крани
Temporal Coverage
хеленистичко време
Collection
Citation
“Анче. Рибарска населба од хелеинстичкото време. Крани,” Преспа, accessed November 21, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/64.