Св. Никола. Рајца
Title
Св. Никола. Рајца
Description
Црквата Св. Никола се наоѓа во рамките на самата населба, во оградениот простор заедно со селските гробишта. Таа претставува мала еднокорабна градба со полукружна апсида на источната страна. Според своите карактеристики најверојатно е изградена во втората половина на 19 век. Во поново време од нејзината северна и западната страна се доѕидани затворени тремови и е извршено малтерисување на фасадите. Влезовите кон внатрешноста се поставени на северниот и западниот ѕид. Живопис е сочуван покрај иконостасот од северната страна на наосот со претставата на св. Ѓорѓи и во двете ниши од североисточниот агол на олтарниот простор.
Олтарната преграда или иконостасот во оваа црква претставува соема едноставна дрвена конструкција со три реда на икони. Во средината се поставени царските двер врз кои е насликано Благовештението на св. Богородица. Кон северниот ѕид, на вратата од влезот во олтарниот простор, насликана е фигурата на Архангел Михаил. Како карактеристика на овој иконостас може да се каже дека сите останати икони почнувајќи од престолните па до двата горни редови се исполнети со поединечни, допојасни претстави на светци. Според стилските карактеристики потекнуваат од една, засега непозната зографска работилница од втората половина на 19 век.

Type
храм
Spatial Coverage
Рајца
Date Created
19 век
Collection
Citation
“Св. Никола. Рајца,” Преспа, accessed November 24, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/169.