Св. Архангел Михаил. Арвати

Title

Св. Архангел Михаил. Арвати

Description

Во селото или во неговата непосредна околина, се лоцирани неколку цркви кои речиси сите без исклучок се обновени во поново време. Во горниот источен дел се наоѓа куполната еднокорабна црква Успение на Св. Богородица. Помалите параклиси се посветени на Св. Никола и Св. Недела. Како најголем и најзначаен храм, се смета црквата Св. Архангел Михаил. Таа е лоцирана во кругот на православните селски гробишта во кој се влегува низ црковната порта, врз која се издигнува старата камбанарија. Не постои податок за времето на изградбата на храмот. Тој претставува трикорабна градба на кој во поново време му се обновени носечките столбови и горниот конструктивен систем. Според својот надворешен изглед наликува на градбите какви се граделе во третата и четвртата деценија на 20 век, односно во периодот помеѓу двете светски војни. На исток се наоѓа седумстраната апсида а на јужната и северната фасада покрај влезовите во наосот, ѕидната површина ја разбиваат по два реда од по четири прозорци. Како главен влез во храмот се наметнува оној од западната страна а со неодамнешните реконструкции над него е прилепена новата камбанарија на три ката.
На внатрешните сидиви нема траги од ѕидно сликарство со оглед на фактот што си те површини се премалтерисани. Олтарската преграда е сос тавена од два реда на икони. Според испишаните години врз поодделни икони тие се работени во периодот од 1929 до 1937 година.

Type

храм

Spatial Coverage

Арвати

Date Created

20 век

Citation

“Св. Архангел Михаил. Арвати,” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/245.

Geolocation

Social Bookmarking