ТАСЕВСКИ ИЛИЈА ЃОРЃИ - ЦУРАНЧЕТО. (1914 - 1944)
Title
ТАСЕВСКИ ИЛИЈА ЃОРЃИ - ЦУРАНЧЕТО. (1914 - 1944)
Type
борец
Spatial Coverage
Горно Дупени
Temporal Coverage
НОВ
Biographical Text
Роден е во село Горно Дупени во 1914 година. Потекнувал од селско земјоделско семејство. Основно образование завршил во родното село, а се занимавал со земјоделие.
Бидејќи бил определен за борба против фашистичкиот окупатор, активно го помагал Народноослободителното движење. Поради таквата активност во 1943 година бил примен за член на КПЈ. Во неговата куќа, прифаќал и сместувал илегалци, а биле одржувани и партиски состаноци. За време на партиската провала што ја зафати територијата на Преспа, на тој реон, Ѓорги заедно со неговите соработници, меѓy кои и секретарот на партиската организација Јонче Цветковски, бил фатен од бугарската фашистичка полиција во месец мај 1944 година, затворен во участокот во Ресен, а потоа во Битолскиот затвор, кадешто останал цели шест месеци. Во затворот бил измачуван, тепан и испитуван. Но имал добро држење. Со провалата во Битолскиот затвор, успеал да избега и веднаш пристапил во единиците на Седмата македонска бригада. Бил поставен за политички комесар на чета. Загинал на 28 октомври 1944 година во месноста Сулејманов Камен, кај Дервенот, во борбата што Бригадата ја водела со една германска единица, која се повлекувала во правецот за Битола.

Collection
Citation
“ТАСЕВСКИ ИЛИЈА ЃОРЃИ - ЦУРАНЧЕТО. (1914 - 1944),” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/254.