ЃОРЃИЕВСКИ ГЕЛЕВ ТАНАС. (1922 - 1944)
Title
ЃОРЃИЕВСКИ ГЕЛЕВ ТАНАС. (1922 - 1944)
Type
борец
Spatial Coverage
Коњско
Temporal Coverage
НОВ
Biographical Text
Роден е во село Коњско во 1922 година. Произлеryва од сиромашно селско семејство. Народноослободителното движење го помага од крајот на 1942 година. При крајот на 1942 и почетокот на 1943 година, активно работел во пренесување на борците од Битолско-преспанскиот одред "Даме Груев" со чунка преку Преспанското Езеро од с. Коњско во македонските села во Албанија и обратно.
Во септември 1943 година стапил во редовите на Преспанскиот партизански одред "Даме Груев", а потоа во баталјонот "Стив Наумов". Кон крајот на годината бил испратен на позадинска работа во селата на Долна Преспа. При извршување на поставените задачи бил фатен од бугарската фашистичка војска и на ѕверски начин убиен на 18 јануари 1944 година во село Клештино-Егејска Македонија.

Collection
Citation
“ЃОРЃИЕВСКИ ГЕЛЕВ ТАНАС. (1922 - 1944),” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/316.