ЛАЗАРЕВСКИ МИЦЕ МАРЈАН - ПАЛЕ. (1915-1944)

Title

ЛАЗАРЕВСКИ МИЦЕ МАРЈАН - ПАЛЕ. (1915-1944)

Type

борец

Spatial Coverage

Крушје

Temporal Coverage

НОВ

Biographical Text

Роден е во с. Крушје, во 1915 година. Основно образование завршил во родното село.

Поради слабите материјални услови барајќи економска егзистенција во 1939 година заминува на печалба во Белград. Се вработил како општ работник во Зоолошката градина. Истата година се вклучува во напредното работничко движење, станува член на Урсовите синдикати и учествува во многубројните акции на работничката класа против ненародниот режим на бившата југословенска држава. Активно работи на собирање на Црвена помош и помош за шпанските борци.

Поради извонредната револуционерна активност примен е за член на КПЈ уште во 1940. година. И по окупацијата на земјата ја продолжува партиската работа во Белград.

Рано пролетта 1942 година се врати во родното село. Се вработyва како работник на патот, а во месец мај ја формира Скоевската организација во с. Крушје.

Поради неговата активност на повеќе пати беше сослушуван од страна на бугарската полиција. Бидејkи беше откриен од страна на непријателот, во 1942 г. преминува во Скопје како илегалец. Партијата му обезбеди работа како огнар во градската општина, создавајќи му нужни услови за понатамошна партиска активност. На почетокот беше член на партиска ќeлиja, а потоа и нејзин секретар. Извршуваше мноrу одговорни задачи. Одржуваше врска со активи на симпатизери, работеше со нив, подготвуваше нови и идни партизани. Истовремено растураш партиски материјал, собираше Народна помош и ја разобличуваше окупаторската власт. Во месец ноември 1943 година замина во партизани на територијата на Западна Македонија и се вклучува во баталјонот "Мирче Ацев".

Подоцна станува борец на Првата македонско-косовска народно ослободителна ударна бригада, се истакнува како примерен и храбар партизан поради што станува заменик на политичкиот комесар на Баталјонот. Учестува во повеќе борбени акции на Бригадата.

Во 1944 година станува курир на ГШ на НОВ и ПО на Македонија. На 22 јули 1944 година, при испробувањето на новиот минофрлач, во Придружниот баталјон на Бригадата, беше ранет и подлегнал на раните на 25 јули 1944 година во с. Буринец.

Citation

“ЛАЗАРЕВСКИ МИЦЕ МАРЈАН - ПАЛЕ. (1915-1944),” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/330.

Social Bookmarking