ПАНДЕВСКИ ЈАНЕВ ЃОРЃИ. (1922 — 1943)

Title

ПАНДЕВСКИ ЈАНЕВ ЃОРЃИ. (1922 — 1943)

Type

борец

Spatial Coverage

Лавци

Temporal Coverage

НОВ

Biographical Text

Роден во с. Лавци во 1922 година. Основно образование заврши во родното место. Немајќи можности да го продолжи школувањето се занимава со земјоделие. Беше напреден младинец и определен за Народноослободителното движење уште од 1941 година. Со формирањето на СКОЈ во селото, во декември 1942 година, беше поставен за негов прв секретар. Во неговата kyќa престојуваа повеќе илегалци и се одржуваа партиски состаноци.

Доброволно стапува во НОВ на 1 мај 1943 година во редовите на Битолско-преспанскиот НОП одред "Даме Груев" заедно со неговиот татко Јане — Војводата, кој беше член на КПЈ и познат партиски активист уште за времето на бившата југоловенска држава. Заедно со главнината на Одредот учествува во повеќе акции на територијата на Дебарца, а со формирањето на баталјонот "Мирче Ацев" влегува во неговите редови. Подоцна влегува во баталјонот "Стив Наумов". Загина во несреќен случај на 15 декември 1943 година на планината Кајмакчалан.

Citation

“ПАНДЕВСКИ ЈАНЕВ ЃОРЃИ. (1922 — 1943),” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/337.

Social Bookmarking