ШУШЕВСКИ ВАНЃЕЛ ЃОРЃИ. (1921 — 1944)
Title
ШУШЕВСКИ ВАНЃЕЛ ЃОРЃИ. (1921 — 1944)
Type
борец
Spatial Coverage
Подмочани
Temporal Coverage
НОВ
Biographical Text
Роден во село Подмочани на 22 април 1921 година. Произлегувап од селско земјоделско семејство. Основното училиште го завршил во родното ceno. Уште пред окупацијата на земјата од членовите на неговото потесно семејство имал можност да се запознае со напредното револуционерно движење. Бил напреден младинец и во месец септември 1941 година со формирањето на СКОЈ во селото бил еден од првите членови. Извршувал повеkе партиски задачи што му биле поставувани, пренесувал писма, прифаќал илегалци, собирал оружје и друг воен материјал. Со група на членови на СКОЈ од селото учествувал во подметнувањето бомба во станот на албанскиот претседател на општината во с. Подмочани. По капитуалцијата на фашистичка Италија и со навлегувањето на бугарскиот фашистички окупатор на овој дел од Преспа, а поради неговата револуционерна активност бил провален и заедно со неколку негови соработници затворен во бугарскиот участок во Ресен. По дваесетдневно испитување, мачење и тепање а поради немање на доволно докази за неговата активност бил ослободен од затворот.
Во НОВ стапил во април 1944 година во составот на Првата Македонско—косовска народноослободителна ударна бригада на слободната територија во македонските села во Албанија. Бил пушкомитралезец во првиот баталјон на првата чета на бригадата. Загинал во борбите за ослободување на Кичево на 1 септември 1944 година.

Collection
Citation
“ШУШЕВСКИ ВАНЃЕЛ ЃОРЃИ. (1921 — 1944),” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/352.