Кременица.Населба од неолитското време. Долна Бела Црква
Title
Кременица.Населба од неолитското време. Долна Бела Црква
Description
Кременица.Населба од неолитското време. На околу 1 km североисточно од селото, од левата страна на патот Макази-Асамати, непосредно до раскрсницата каде што се спојува со патот за Долна Бела Црква, во нивата на М. Крушаровски и во соседните ниви, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, кремени орудија и камени секири. Неколку фрагменти имаат орнаменти изведени во импресо-техника.
Type
археолошки наод
Spatial Coverage
Долна Бела Црква
Collection
Citation
“Кременица.Населба од неолитското време. Долна Бела Црква,” Преспа, accessed November 22, 2024, https://pelister.org/Omeka/items/show/40.