Претор. Населба од доцноантичкото време.
Наслов
Претор. Населба од доцноантичкото време.
Опис
Претор. Населба од доцноантичкото време. Источно од селото, на просторот што се наоѓа до атарот на селото Курбиново, особено во имотите на Алекса Босилков и Стојан Костовски, со ископувањата во 1967, 1972 и 1974 година се откриени темели од објекти ѕидани од камен и варов малтер, наместа зачувани во височина и до 0,50 м. Со обработувањето на земјата темелите се во голема мера оштетени така што на објектите не може да им се одредат плановите на основите. Во два објекта има остатоци од системи за затоплување - хипокаусти изведени од кружки керамички плочки. Откриен е и под со мозаик. Од овој локалитет потекнуваат повеќе случајни наоди од кои посебно се издвојуваат една бронзена плочка со претстава на ориентално божество и една апликација од држалка на сад со претстава на човечка маска. Наодите се чуваат во Музејската збирка во Ресен и во Заводот и музеј во Охрид. Името на селото е во тесна етимолошка врска со латинските имиња Претории и Преториј.
Тип
археолошки наод
Просторно покривање
Претор
Временско покривање
доцноантичко време
Колекција
Цитирање
“Претор. Населба од доцноантичкото време.,” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/116.