Бела Црква. Депо на средновековни монети. Сопотско
Наслов
Бела Црква. Депо на средновековни монети. Сопотско
Опис
Бела Црква. Депо на средновековни монети. Во нивата на С. Стојчески, која е оддалечена 2 km северно од селото, со земјоделските работи во 1961 година биле откриени 427 бакарни скифати од XII-XIII век. Во оваа нива во 1955 година било најдено уште поголемо депо од 2.400 монети. Монетите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје и во Заводот и музеј во Охрид.
Тип
археолошки наод
Просторно покривање
Сопотско
Временско покривање
средновековно време
Колекција
Цитирање
“Бела Црква. Депо на средновековни монети. Сопотско,” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/129.