Кале. Средновековна тврдина. Шурленци

Наслов

Кале. Средновековна тврдина. Шурленци

Опис

Кале. Средновековна тврдина. Југозападцо од селото се издига ридот Магарица, кој доминира над езерскиот брег и над патот што води за Отешево и Стење. На самиот врв има плато, издолжено во правец исток-запад и со површина од 5-6 хектари, на кое се наоѓаат остатоци од бедем ѕидан од камен и кал, широк 1 м и со височина наместа зачувана до 2 м. На јужната страна има остатоци од три одбранбени појаси од ѕидови, наредени еден под друг. Во внатрешниот простор на тврдината се забележуваат темели од помали објекти и множество градежен материјал. Според истражувањата на Т. Томоски тврдината е идентификувана како Константион, град што постоел во XI век.

Тип

археолошки наод

Просторно покривање

Шурленци

Временско покривање

средновековно време

Цитирање

“Кале. Средновековна тврдина. Шурленци,” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/144.

Листа со можни излезни формати

Социјални обележувачи