Св. Архангел Михаил. Асамати
Наслов
Св. Архангел Михаил. Асамати
Опис
Веднаш крај рибарското селото Асамати, до самиот брег на Преспанското Езеро, е малото црквиче посветено на св. Архангел Михаил. Покрај малата еднокорабмна градба во поново време од јужната, западната и северната страна се прилепени помошни простории во вид на затворени тремови и се направени премалтерисувања на ѕидовите во наосот и дел од олтарскиот простор. Од зачуваниот натпис, што се наоѓа на источниот ѕид од олтарскиот простор, дознаваме дека црквата е живописана во четвртата деценија од 17 век. Сочуваното сликарство од олтарскиот простор, е истовремено и најзначајната содржина што ја поседува овој мал храм, како едно веродостојно сведоштво за уметноста од првата половина на 17 век во Преспа. Тука се сочувани неколку композиции и поединечните ликови на св. Атанасиј, св. Василиј, св. Јован Златоуст и св. Григориј, како учесници во архијерејската литургија, насликани во долната зона од нишата на апсидата. Над нив е св. Богородица со малиот Христос пред себе а во најгорната зона е композицијата со Вознесението Христово. Лево и десно од апсидалната конха се деловите од Благовештението со ликовите на архангел Гаврил и св. Богородица. Во малата полукружна ниша од протезисот, насликан е св. првомаченик Стефан. Од зачуваните партии, може да се констатира дека непознатиот автор на овие фрески поседувал значителни уметнички квалитети за времето во кое творел. На високата олтарна преграда, која за жал ја затскрива највредната содржина од овој храм, поставени се неколку икони од 1931 година.
Тип
храм
Просторно покривање
Асамати
Креирано на
17 век
Колекција
Цитирање
“Св. Архангел Михаил. Асамати,” Преспа, пристапено на 21 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/150.