Св. Пророк Илија. Грнчари

Наслов

Св. Пророк Илија. Грнчари

Опис

Од селото Грнчари за да го посетиме познатиот манастир Св. Илија, се насочуваме кон исток, кон падините на Баба. Земјениот пат можеме да го поминеме со теренско возило или со пешачење . Со испешачени 3 км. по умерена угорнина, до светилиштето ќе пристигнеме за околу 40 минути. Сите неопходни информации во врска со престојот во овој манастир, можат да се добијат кај Крсте Ѓорѓиовски во селото Грнчари или на тел 047/ 480-268. 26
Коплексот на манастирот го сочинуваат црквата, новите конаци, манас тирската трпезарија, фурната, камбанаријата и чешмата со светата лековита вода. Манастирот најмасовно е посетен за време на црковната слава, вечерта на 1 и во претпладневните часови на 2 август, кога доаѓаат верници од поширокиот регион.
Црквата Св. Илија, претставува мала еднокорабна гр адба со тространа апсида на источната страна. Кровната конструкција е решена на две води а единствениот влез е поставен на западната фасада. Помеѓу камените партии, посебно на источниот ѕид, вметнувани се хоризонтални и вертикални редови од тула, во духот на познатите сртедновековни опуси. Врз архитектурата на храмот вршени се интервенции и зајакнувања од постар и понов датум. Резултат на таквите интервенции се постоечките контрафори на северната и јужната фасада.
Во црквата постои слоевито нанесено сликарств о од повеќе различни временски периоди. Врз основа на стилската и иконографската анализа најстарите фрески од оваа црква се датираат во 13 век, што и даваат посебно значење. Од наредната фаза се фреските од поствизантискиот период, со повеќе натписи на старословенски јазик. Истражувачките работи и пропратните активности во оваа црква сеуште не се завршени, така да во иднина ќе можат да се сумираат поконкретни и поцелосни впечатоци.

Тип

храм

Просторно покривање

Грнчари

Цитирање

“Св. Пророк Илија. Грнчари,” Преспа, пристапено на 21 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/168.

Листа со можни излезни формати

Геолоцирање

Социјални обележувачи