Раѓање на Пресвета Богородица. Сливница
Наслов
Раѓање на Пресвета Богородица. Сливница
Опис
Манастирот посветен на Раѓањето на Св. Богородица над селото Сливница, е значаен манастирски комплекс во преспанскиот регион. Овде со векови, секоја година на 20/21 септември на денот на Раѓањето на св. Богородица или на Мала Богородица како што уште се нарекува, доаѓале верниците од сите преспански села, но и од селата од другата страна на планината Пелистер, како што било селото Маловишта.
Сливничкиот манастир се наоѓа на 4,5 км над преспанското с ело Сливница, на надморска висина од околу 1300 м. Денес од селото до манастирот се пристигнува мошне едноставно и брзо по тесниот асфалтен пат. Благодарение на напорите кои се правеле во последните децении, извршена е реконструкција на дел од конаците кои некогаш го опкружувале манастирот. Обновено е целосно источното крило во кое може да се претстојува и дел од конаците на југоисточниот агол, се до главната порта што не внесува во манастирскиот двор. Своето доаѓање посетителите можат да го најават кај Ацо Наумовски на тел. 071/834-578.
Според сочуаниот старословенски натпис манастирската црква е изград ена и осликана во 1607 година, за време на монахот Никанур. Најголем ктитор, кој за изградбата и украсувањето на храмот дал 9000 гроша во злато, бил Михајло Петков од Битола. Светилиштето претставува мала еднокорабна градба со едноставен кров на две води, без куполи и било какви украси на фасадите. Всушност такви биле повеќето цркви градени во т. н. поствизантиски период или во времето на османлиската доминација на Балканот. Кон западната страна во 1612 година е доградена припрата. Во 19 век во продолжение кон запад е изграден затворениот трем, една помала помошна просторија како и камбанаријата која ги надвишува другите објекти. Многу важна содржина на оваа црква е ѕидното сликарство во најстариот дел на црквата од 1607, во припратата од 1712 г. како и она од некогашната западна фасада а денес во тремот на црквата. Тоа е сочувано речиси во целост и претставува еден од најзначајните репрезенти на сликарството од поствизантискиот период во Р. Македонија воопшто. Почнувајќи од источниот дел или од олтарскиот простор, во долната зона од конхата на апсидата се светите архијереји како учесници во светата Литургија. Над нив е ликот на св. Богородица со Христос. Во северниот дел од олтарскиот простор, во чест на главниот ктитор на црквата, насликана е фигурата на Купен, починатиот син на Михајло Петков, кој се упокоил неколку години пред изградбата на овој храм. Во долните зони од наосот се претставени светите воини облечени во благороднички одежди со наметки и бели раскошни капи. Светителите на јужниот ѕид, облечени во монашка облека ги претставуваат мачениците и испосниците. Во горните партии се сцените од животот на Исус Христос со неговите чуда и страдања.
Од сликаните композиции поставени во нартексот, вниманието посебно го привл екува најстарата заедничка претстава на најпознатите словенски просветители или на Седмочислениците како што се нарекуваат во науката претставите на св. Кирил, св. Методиј, св. Климент, св. Наум, св. Сава и св. Ангелариј од 1712 г. Следуваат претставите на сцените со насликаните циклуси инспирирани од црковните песни посветени на Богородица.
Иконостасот во црквата е исто така сочуван во својата изворна с остојба, каков што бил бо првите децении од 17 век. Од содржината на иконостасот се издвојуваат средишните таканаречени царски двери и големиот крст, поставен како завршница во горниот дел, изведени во плитка стилизирана резба.

Тип
манастир
Просторно покривање
Сливница
Колекција
Цитирање
“Раѓање на Пресвета Богородица. Сливница,” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/176.