Св. Апостоли Петар и Павле. Љубојно
Наслов
Св. Апостоли Петар и Павле. Љубојно
Опис
Интересно архитектонско остварување, претставува црквата посветена на христовите првоапостоли св. Петар и Павле. Комплексот со храмот, чешмата и
Камбанаријата е лоциран во пошумениот дел од планината на едно мало плато над селото Љубојно. Од селото до црквата може да се пристигне со пешачење по земјениот шумски пат за околу 30 минути. Оваа локација најпосетена е на денот на прославувањето на празникот св. Петар и Павле на ---, кога покрај локалното население, тука доаѓаат верниците од поширокиот регион на Преспа како и бројните иселеници низ дијаспората.
Главното светилиште според натписот во медаљонот на западната фасада е завршено во 1923 година, со средства на Никола Христов Стасовски од Љубојно. Фасадите на западната, јушната и северната страна се декорирани во духот на архитектурата која се негувала во периодот помеѓу двете светски војни. Во горните делови тие имаат триаголни завршетоци, врз кои се надоврзува кровната конструкција во форма на крст во чиј центар се издигнува куполата, со осумстраниот тамбур. Со внатрешноста на храмот се комуницира преку двата влеза на западната и северната фасада. Ентериерот е решен без употреба на столбови. Таванот е конструиран од два вкрстени полукружни сводови, на чие средиште е куполата од која се спуштаат висечки пандантифи, лачно поврзани помеѓу себе. Низ четирите прозорци поставени на тамбурот се обезбедува осветлувањето на куполниот простор кој е насликан во целост.
Источниот, олтарен дел на храмот се потпира на висока камена спила, со која практично се затвара олтарниот простор од источната страна. Иконостасот е подигнат од висинската кота на подот од наосот, со помош на три скалила по целата широчина на храмот. Тој преставува едноставна дрвена преграда со два реда на икони, царки двери и врата на северниот дел.
Јужно од црквата, во непосредна близина се наоѓа чешмата, која според натписот е изградена истовремено со храмот. Од северната страна, практично на влезот во комплексот се издигнува камбанаријата, со дрвени скалила, од каде се овозможува прекрасна глетка кон селото Љубојно и Преспанското езеро.

Тип
храм
Просторно покривање
Љубојно
Креирано на
1923
Колекција
Цитирање
“Св. Апостоли Петар и Павле. Љубојно,” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/185.