ДИНЕВСКИ ЈОСИФ СЛАВЕ. (1922 - 1944)
Наслов
ДИНЕВСКИ ЈОСИФ СЛАВЕ. (1922 - 1944)
Тип
борец
Просторно покривање
Долно Дупени
Временско покривање
НОВ
Биографски текст
Роден е во село Долно Дупени на 11 декември 1922 година. Произлеryва од селско семејство кое претежно се занимавало со земјоделие. Завршил основно образование во родното место.
Народноослободителното движење активно го помагал од почетокот на 1943 година. Во НОВ се приклучил по 9 септември 1943 година во составот на Битолскиот НОП одред "Гоце Делчев". Со Одредот учествувал во повеќе акции, а уште со формирањето на баталјонот "Стив Наумов" бил во неговите први редови. Зел учество во февруарскиот поход во Заштитното одделение на својот баталјон. Се истакна како храбар борец во борбата со бугарската фашистичка војска и полиција кај село Истибање, Кочанско, во која борба загинува на 18 февруари 1944 година.

Колекција
Цитирање
“ДИНЕВСКИ ЈОСИФ СЛАВЕ. (1922 - 1944),” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/262.