СТРУМЕНИКОВСКИ СТЕФАН ДОНЕ. (1919 - 1944)
Наслов
СТРУМЕНИКОВСКИ СТЕФАН ДОНЕ. (1919 - 1944)
Тип
борец
Просторно покривање
Долно Дупени
Временско покривање
НОВ
Биографски текст
Роден е во село Долно Дупени на 8 јануари 1919 година. Основно образование завршил во родното место. Бидејќи немал можности за понатамошно школување се занимавал со земјоделие.
Во НОВ стапил по 9 септември 1943 година во составот на Битолскиот НОП одред "Гоце Делчев". Со формирањето на баталјонот "Стив Наумов" бил во неговите први редови. Во 1944 година влегол во II-та македонска бригада. При изведувањето на една борбена акција на неговата единица во село Горно Клештино-Леринско бил фатен од бугарската фашистичка војска, врзан со бодликава жица и на ѕверски начин убиен на 25 февруари 1944 година.

Колекција
Цитирање
“СТРУМЕНИКОВСКИ СТЕФАН ДОНЕ. (1919 - 1944),” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/266.