ДУМОВСКИ ДИМИТАР МИЛАН. (1913 - 1944)

Наслов

ДУМОВСКИ ДИМИТАР МИЛАН. (1913 - 1944)

Тип

борец

Просторно покривање

Јанковец

Временско покривање

НОВ

Биографски текст

Роден е во село Јанковец на 14 ноември 1913 година

Потекнува од земјоделско семејство. Основното образование го завршил во родното село. Немајќи услови за продолжување на школувањето, работи како воденичар во сопствената воденица. Активно се вклучува во Народноослободителното движење од 1941 година. Беше близок другар и соработник на народниот херој Мите богоевски. Поради неговата напредна револуционерна активност истата година е примен за член на КПЈ. Во месец септември 1941 година бил примен за член на Месниот комитет на КПЈ за Ресен и Ресенско, а потоа и за член на Воениот комитет. Со формирањето на основната партиска организација во село Јанкоец останува нејзин прв секретар. Беспрекорно ги извршува сите задачи што му се доверени: прибира оружје, муниција и друг воен маrеријал, прифаќа илегалци во Преспа, активно го помага Битолско-преспанскиот НОП одред "Даме Груев" и претставува една од неговите главни врски при префрлувањето на Одредот од логорите на планината Бигла во логорите на Болнската Планина.

Неговата воденица преставуваше место каде што се одржуваа повеќе партиски состаноци, скривалиште за илегалците. Едновремено беше и главен снабдувач на Одредот со храна и оружје за овој терен.

Со големата партиска провала од септември 1942 година Милан беше уапсен на 10 септември. Беше затворен во участокот на село Кажани, а потоа пренесен во затворот Црн Мост во Битола од окупаторите на судскиот процес беше осуден на доживотна робија. Милан и во затворот не мируваше. Учествуваше во партискиrс кружоци и на повеќе пати со своите другари организираше бегство.

Во април 1944 година успева да избега од затворот и преку врската со партизанските курири стапува во Првата македонска народноослободителна бригада на територијата на Дебарца.

Загина на 1 август 1944 година како командир на чета во Бригадата, во борбите против Германците и балистите при ослободувањето на Дебар.

Цитирање

“ДУМОВСКИ ДИМИТАР МИЛАН. (1913 - 1944),” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/275.

Листа со можни излезни формати

Социјални обележувачи