ПЕТРЕВСКИ СПИРО СИМО. (1918 - 1945)

Наслов

ПЕТРЕВСКИ СПИРО СИМО. (1918 - 1945)

Тип

борец

Просторно покривање

Коњско

Временско покривање

НОВ

Биографски текст

Роден е во село Коњско во 1918 година во сиромашно селско семејство. Заврши четиригодишно основно училиште. Се занимаваше со земјоделство и риболов. Веднаш по окупацијата се определи за борба против окупаторот. Народноослободителното движење го помага од крајот на 1942 година, кога борците на Битолско-преспанскиот НОП одред "Даме Груев" беа сместени во караулата на неговото село. Учествува во прибирање на храна за борците од Одредот и во нивното префрлување со чамци преку Преспанското Езер од Коњско во Македонските села на територијата на Албанија и Грција, како и обратно.

Во единиците на НОВ се вклучи во септември 1944 година во составот на Седмата македонска бригада. Со 48-та дивизија учествуваше во борбите на Сремскиот фронт, каде загина на почетокот на мај 1945 година.

Цитирање

“ПЕТРЕВСКИ СПИРО СИМО. (1918 - 1945),” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/317.

Листа со можни излезни формати

Социјални обележувачи