ВЕЛЈАНОВСКИ КИМЕ ИЦЕ. (1924 — 1944)
Наслов
ВЕЛЈАНОВСКИ КИМЕ ИЦЕ. (1924 — 1944)
Тип
борец
Просторно покривање
Крушје
Временско покривање
НОВ
Биографски текст
Роден во село Крушје во 1924 година. Потекнува од сиромашно земјоделско семејство. Завршил основно образование во родното место, а потоа работел каксо општ работник. Како напреден младинец бил организиран во скоевската група од мај 1942 година. Прибирал оружје, храна, одржувал курирски врски и други работи за потребите на НОВ. Таа активност ја продолжил се до вклучувањето во единиците на НОВ во месец април 1944 година, кога стапил во редовите на Првата македонскo-косовска народноослободителна ударна бригада.
Се истакнал како храбар борец во борбата што Бригадата ја водела кај село Завој, Охридско, на 25 април 1944 година против бугарската фашистичка војска, кога бил фатен и на ѕверски начин убиен.
Се истакнал како храбар борец во борбата што Бригадата ја водела кај село Завој, Охридско, на 25 април 1944 година против бугарската фашистичка војска, кога бил фатен и на ѕверски начин убиен.
Колекција
Цитирање
“ВЕЛЈАНОВСКИ КИМЕ ИЦЕ. (1924 — 1944),” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/328.