Св. Спас. Старохристијанска црква и некропола. Горно Крушје

Наслов

Св. Спас. Старохристијанска црква и некропола. Горно Крушје

Опис

Св. Спас. Старохристијанска црква и некропола. На околу 300 м северно од селото, од десната страна на патот Ресен-Охрид, на јужниот крај на платото од една мала височинка, која на северната страна се надоврзува на ридот Крушичка Краста, во 1968 година се изградени нова црква Св. Спас, помошна зграда и ограден ѕид. При копањето на темелите за црквата, според кажувањето на мештаните, биле откриени темели од објект ѕидани од камен и хоросан мaлтер, подни тули и широки ќерамиди. Исто така, откриле и повеќе гробови градени од камени плочи. Во Музејската збирка во Ресен се чуваат тегули на кои има врежано претстави на птици

Тип

археолошки наод

Просторно покривање

Горно Крушје

Временско покривање

старохристијанско време

Цитирање

“Св. Спас. Старохристијанска црква и некропола. Горно Крушје,” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/34.

Листа со можни излезни формати

Социјални обележувачи