ТРПОВСКИ НИКОЛА МИТЕ. (1904- 1943)

Наслов

ТРПОВСКИ НИКОЛА МИТЕ. (1904- 1943)

Тип

борец

Просторно покривање

Покрвеник

Временско покривање

НОВ

Биографски текст

Роден е во с. Покрвеник на 15—VII-1904 година, една година по Илинденското востание, во изгорено и испљачкано село од турскиот башибозук. Татко му Никола во Востанието бил војвода и раководел со една чета, од каде Мите го зема и своето партизанско име — Војводата. Мите уште во раните детски години го вкусил мачниот селски живот. Во седмата година останува без татко, кој умира во Америка, со неговите двајца 6paќa. Во тие години место да оди на училиште тој оди да ги пасе овците се до неговата 18 година. Иако не оди на училиште желбата за учење везден го влече: така, пасејќи ги овците самостојно ја учи првата азбука, започнува да чита. На тој начин го завршува своето основно образование. По одслужувањето на воениот срок, по патот на својот татко заминува илегално во Северна Америка. Веднаш се поврзува со напредното работничко движење и активно работи за него.

Поради неговата револуционерна активност, бил откриен и во 1933 година протеран од Америка. Во изборите од 1936 година зема активно учество, агитира против ненародниот режим на бившата југословенска власт, и бил избран за општински одборник. Со неговото држење како одборник стекнува симпатии сред населението.

Активно учествува во прибирањето на парична помош за другарите кои заминаа во Шпанската граѓанска војна. Заедно со неговиот постар брат Јонче—кој беше член на КП, уште во Америка во 1939 година преземаат први акции за формирање на партиска организација во нивното село и во околните села.

Така, во месец септември ја формираат ОПО на с. Покрвеник на која секретар станува неговиот постар брат, а подоцна секретар е Мите.

По априлскиот напад на Германија и нејзините сателити на нашата земја отсрце се оддава на повикот на КПЈ за вооружена борба против окупаторите, а со тоа и борбата за национални и социјални права за кои деноноќно се бореше.

Во месец октомври 1941 година се формира Реонско поверенство на КПЈ за територијата на Преспа под италијанска окупација. Заедно со Ј. Јосифовски - Свештарот се соедини од првите членови. Неуморно работи на прибирање на оружје, муниција и други материјали за НОВ, прифаќа и префрлува илегалци, врши агитација за непредавање на оружјето на непријателот во селото и целиот реон, одржува постојани контакти со МК на КПЈ за Ресен и Ресенско, а со формирањето на Воениот комитет за Преспа под италијанска окупација станува негов прв командант.

Во текот на 1942 година ги прифаќа првите илегалци, борци за одредот "Даме Груев", а во месец ноември создава база за престој на Битолско-преспанскиот НОП одред „Даме Груев". Заедно со други активисти од другите околни села го префрлува Одредот за престој во зимата 1942/43 во македонските села во Албанија, организира и прифаќа нови борци за Одредот.

Во месец мај 1943 година го прифаќаат членовите на ГШ на НОВ и ПО на Македонија и активно учествува во подготовките за Преспанското советување на ЦК KПМ. Истиот месец станува и борец на Битолско-преспанскиот НОП одред "Даме Груев". На 17 јули поставен е за заменик командир на главнината од Одредот и со истата заминува за Дебарца. Со формирање на баталјонот "Мирче Ацев" поставен е за заменик командант на баталјонот. Учествува во сите акции на Одредот и баталјонот. Во почетокот на месец октомври добива специјална задача од ГШ на НОВ и ПО на Македонија и со дел од баталјонот замина кон извршување на истата. Кај селото Кленоец Кичевско неговата единица води крвава борба со балистичките единици. Во оваа борба на 6 октомври 1943 година Мите го положи својот живот за идеалите за кои се бореше.

Цитирање

“ТРПОВСКИ НИКОЛА МИТЕ. (1904- 1943),” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/355.

Листа со можни излезни формати

Социјални обележувачи