НЕЧОВСКИ ХРИСТО МИХАЈЛО. (1921 - 1945)
Наслов
НЕЧОВСКИ ХРИСТО МИХАЈЛО. (1921 - 1945)
Тип
борец
Просторно покривање
Сопотско
Временско покривање
НОВ
Биографски текст
Роден е во село Сопотско на 29 октомври 1921 година во земјоделско семејство. Завршил основно образование во родното село.
Како напреден младинец станал член на СКОЈ во септември 1941 година. Сите поставени задачи ги извршувал одговорно и совесно. Во големата партиска провала, во септември 1942 година, што ја зафати територијата на Преспа под бугарска окупација, Михајло бил фатен од бугарската фашистичка полиција и затворен во участокот во село Кажани. Потоа осуден, во Битола издржувал казна се до 6 јануари 1943 година. И по излегувањето од затворот активно работел во Народноослободителното движење.
Во НОВ стапува во август 1944 година во составот на VII-та македонска бригада со која учествува во повеќе борбени акции. Подоцна како припадник на Народна одбрана учествува и во разбивањето на балистичките банди. Пролетта 1945 година во една таква борбена акција загина во село Лојане - Кумановско.

Колекција
Цитирање
“НЕЧОВСКИ ХРИСТО МИХАЈЛО. (1921 - 1945),” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/371.