ПОПОВСКИ АНДРИЈА РИСТО. (1926-1944)

Наслов

ПОПОВСКИ АНДРИЈА РИСТО. (1926-1944)

Тип

борец

Просторно покривање

Стење

Временско покривање

НОВ

Биографски текст

Роден е во село Стење во 1926 година. Потекнува од земјоделско семејство.

Основно образование заврши во родното село. Како напреден младинец, во текот на 1943 година, започна активно да работи за потребите на Народноослободителното движење.

Во НОВ стапи на 7 септември 1944 година во составот на 9-та бригада во село Љубојно. Со нејзината реорганизација влегува како борец во V-та македонска бригада. Учествуваше во тешките борби што ги водеше Бригадата со германските фашистички војски и балистичките банди кај Маркови Кули - Прилеп. Во една од тие борби беше тешко ранет, а потоа заробен од балистите и на ѕверски начин убиен на 27 октомври 1944 година.

Цитирање

“ПОПОВСКИ АНДРИЈА РИСТО. (1926-1944),” Преспа, пристапено на 24 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/376.

Листа со можни излезни формати

Социјални обележувачи