Козјак. Осамен наод од римското време.
Наслов
Козјак. Осамен наод од римското време.
Опис
Козјак. Осамен наод од римското време. Во куќата на Благоја Котлароски од Ресен се наоѓа вотивна мермерна плоча која била донесена од селото Козјак, од непознат локалитет. На плочата е претставен Аполон кој во десната рака држи тирс, а во левата надолу спружена рака држи нејасен предмет — сад? Под раката му седи четириножно животно — пантер? Димензиите на плочата изнесуваат 36 х 31 х 5 см.
Тип
археолошки наод
Просторно покривање
Козјак
Временско покривање
римско време
Колекција
Цитирање
“Козјак. Осамен наод од римското време.,” Преспа, пристапено на 22 ноември 2024 г., https://pelister.org/Omeka/items/show/59.